Советот за етика во медиумите постапувал во над 40 претставки на граѓани

Ова ново тело за саморегулација активно фунционира веќе шест месеци. Комисијата за жалби веќе постапувала по повеќе од 40 претставки, а граѓаните најмногу се пожалиле на говор на омраза во медиумите, незастапена втора страна, навреда, клевета и дискриминација. 

Во последниот Извештај на УНЕСКО за медиумите и медиумската одговорност во земјите од ЈИЕ, работата на Советот е оценета како позитивна и професионална.

Оттаму препорачуваат мерки за подигнување на свеста во јавноста за потребите од саморегулација во медиумите, како и поголема соработка со високообразовните институции и судството.

Советот за етика во медиумите е формиран пред повеќе од една година, но активно работи шест месеци. Заштита на слободата на медиумите, спречување на влијанието на државата, политичките партии и другите центри на моќ врз медиумите, како и намалување на цензурата и самоцензурата се дел од целите на Советот за етика во медиумите.

http://dai.ly/x314gmv

Веста е превземена од 24vesti.mk

Scroll to Top