Насоки за инклузивно медиумско известување за Ковид-19

Препораките во овие Насоки се во согласност со веќе постоечките професионални стандарди и практики во новинарството и претставуваат дополнување на одредбите во однос на инклузијата на различностите во медиумското известување. Насоките се подготвени како резултат на консултациите со советите за етика во Западна Европа и во регионот на Југоисточна Европа, анализа на документи на професионални новинарски и медиумски организации, како и врз основа на интервјуа со медиумски стручњаци, професори и претставници на граѓански организации коишто работат на заштита на човековите права на ранливите групи.

Насоките се подготвени во рамки на проектот на УНЕСКО финансиран од ЕУ „Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа – фаза 2“.

Тие се, пред сè, наменети за новинари, студенти, едукатори и активисти, како и за раководството на медиумите. Освен тоа, Насоките претставуваат поддршка за различни актери кои што работат во хуманитарен контекст, за да се адресираат потребите на ранливите и маргинализираните поединци и групи.

Насоките се достапни на:. 

Scroll to Top