Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи (Европска конвенција или Европска конвенција за човекови права; ECHR)1, усвоена во Рим на 4 ноември 1950 година, беше револуционерно достигнување во поглед на унапредувањето на човековите права, не само за Европа туку и за целиот свет. Европската конвенција не беше прв меѓународен проглас за правата на човекот. Обединетите нации ја усвоија Општата декларација за правата на човекот (UDHR) две години пред тоа, во декември 1948 година,2 и во Преамбулата на Европската конвенција за човекови права како цел се наведува преземање „чекори за колективно гарантирање на определени права утврдени во Општата декларација“.