Во согласност со член 19 од Статутот на Советот за етика во медиумите, Управниот одбор одлучи дека функцијата претседател до завршување на мандатот на УО ќе ја извршува Катерина Синадиновска, досегашен член на ова тело.
Драган Антоновски се повлече од Управниот одбор на СЕММ по неговото именување на функцијата Генерален директор на Македонската информативна агенција. „Како дел од основачите на СЕММ, ќе продолжам силно да го поддржувам работењето на СЕММ како тело за саморегулација во медиумите и лично ќе се залагам МИА да биде сервис кој известува етички, професионално и доследно на интересот на јавноста“, нагласи Антоновски во своето известување.