Соопштение за промоција на СЕММ во Струмица

Членовите на Управниот одбор, на Жалбената комисија и на Извршната канцеларија кои ќе присуствуваат на презентацијата, ќе го промовираат принципот на саморегулација, досегашните искуства на Советот за Етика и соработката со слични тела во меѓународни рамки.

Настанот ќе биде искористен и за прикажување на поинтересните случаи кои досега биле обработувани од Жалбената комисија на СЕММ, како и ефектот на медијацијата/посредувањето, што е една од главните алатки што ги применува Советот при решвањето на пријавите за непрофесионално и неетичко новинарство.
СЕММ е невладина организација формирана од повеќе медиуми пред една година, а функционално започна со работа пред околу 7 месеци.

Главната цел на СЕММ е поголем степен на почитување на етичките стандарди во новинарството, како и поедноставен пристап на јавноста (граѓани, институции и правни лица) до раководствата на медиумите, кога ќе се почувствува некаква повреда на дел од правата или кога ќе се воочи непрофесионално известување. Главното мото на СЕММ е, „Колку повеќе саморегулација, толку помалку (државна) регулација“.

Настанот ќе се одржи во вторник хотел Сириус во Струмица, со почеток од 12 часот и е отворен за јавноста.

Scroll to Top