Соопштение до медиумите

На дводневниот настан, кој се организира со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Амбасадата на Кралството Холандија, ќе се дискутира за справувањето со говорот на омраза и дискриминацијата во медиумите, медиумската етика, како и транспарентноста и одговорноста на телата за саморегулација во медиумите.

На настанот ќе се обратат амбасадорот на Кралството Холандија Валтер Пломп и Шефот на Одделот за владеење на правото во Мисијата на ОБСЕ, Резарта Шуц, како и претставници на СЕММ и на советите за етика од регионот на Балканот.

На настанот ќе присуствуваат претставници на советите за етика во медиумите на Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Бугарија.

Медиумите се поканети да известуваат за конференцијата.

Scroll to Top