Со работењето и плановите на СЕММ во претстојниот период го запознаа директорката Марина Тунева, претседателот на Комисијата за жалби Мирче Адамчевски и вршителот на должноста претседател на Управниот одбор Драган Антоновски.
СЕММ продолжува со активностите за афирмирање и дискусија за концептот на медиумска саморегулација, како и за соработка со медиумите за професионално известување, особено во предизборниот период.