Зголемување на видливоста на советите за печат за корисниците на медиумите

Дневните весници ” Oslobodjenje”, “Vecernji list BiH”; списанијата “Start BiH”, “BH Dani” и “Slobodna Bosna” и интернет порталите startbih.info, slobodna-bosna.ba, oslobodjenje.ba и klix.ba објавија јавен оглас, со следнава порака: “Искористете ги вашите права!
Граѓани: имате право на жалба за неточно известување во печатените и онлајн медиуми.”

Исто така, Советот за печат во Босна и Херцеговина организираше 20 радио емисии наречени ‘Zoom- Зумирај го твојот глас во медиумите”. Овие неделни емисии траеја околу 16 до 18 минути и се осврнуваа на различни теми поврзани со етиката во медиумите, слободата на медиумите и разните новинарски предизвици. Овие емисии се емитуваа низ целата земја и потоа беа ставени на располагање на Фејсбук страната на советот за печат.

Во Црна Гора, во септември и октомври 2015 година, беа организирании емитувани на Антена М радио, четири радио емисии, со цел да се дискутира новиот нацрт Кодекс за етика во Црна Гора, како и актуелните прашања во Црногорското новинарство и проблемите со професионалните и етичките стандарди на медиумите во Црна Гора. Емисијата беше емитувана секоја среда од 10 до 11 часот и беше водена од Соња Новаковиќ, новинарка во радио Антена М.

Scroll to Top