Завршени проекти


Институционален грант: „Институционално зајакнување на Советот за етика во медиумите во Македонија“ финансиран од Амбасадата на Кралството на Холандија

Времетраење: 2 години (01.08.2017 – 31.07.2019)

Буџет: 121,110 евра

Генерално, планираните активности во склоп на проектот се поврзани со:
• Придонесување во понатамошната промоција на саморегулација во медиумите како алатка за подобрување на медиумското известување и слободата на изразување
• Унапредување на државната, регионалната и интернационалната мрежа преку промоција на добри практики во делот на саморегулација и слободата на изразување во земјата
• Развивање на заедничка агенда за слободата на говор помеѓу сопственици на медиуми, уредници, новинари и претставници од граѓанскиот сектор


 Институционален грант финансиран од Цивика Мобилитас

Времетраење: јули 2019 – јуни 2020

Буџет: 1,491,477 мкд

Со овој грант се планира поддршка на функционирањето на канцеларијата на Советот за етика во медиумите (СЕММ) и работата на Комисијата за жалби при СЕММ. Активностите кои ќе се реализираат во рамки на овој проект се со цел зголемување на свесноста за улогата на саморегулацијата и зајакнување на комуникацијата и довербата меѓу медиумите, новинарите и граѓаните со СЕММ.


Проект поддржан од МИМ/ЕУ „Кон медиумска „свесност“и ефективна медиумска саморегулација со градење мрежи на соработка “во рамките на проектот „Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите “

Времетраење: 6 месеци, јуни – ноември 2019 година

Буџет: 4,997 евра

Проектот ќе се фокусира на зајакнување на медиумската писменост на локално ниво, со особен фокус на помладата популација во препознавањето и справувањето со лажни вести, дезинформации и пропаганда.

Во рамки на проектот ќе се реализираат следните активности:

  • Продукција на видео кое ќе содржи “едукативни четива” продуцирани врз основа на одлуките на Комисијата за жалби
  • Креирање, дизајн и печатење на флаери кои ќе содржат кратки, едукативни, содржини извлечени од одлуките на Комисијата за жалби при СЕММ, поткрепени со етичките принципи и стандарди на професијата
  • Организирање дебати низ државата наменети за граѓански организации и млади активисти
  • Кампања на социјалните мрежи на СЕММ

 mccm 52324f0ca9c63e615a5abc21110f3bb4 220x120.resized


Акциски грант финансиран од МЦМС во рамки на проектот „Добро управување во граѓанските организации’ – „До поголема отчетност и транспарентност преку учество и инклузија“

Времетраење: 12 месеци (јули 2018 – јули 2019)

Буџет: 410.956 мкд

Во рамките на проектот се реализираа следните активности:

  • Анализа на процедурите за внатрешна поврзаност и размена на информации меѓу органите на Советот за етика во медиумите
  • Организирање две работилници за органите на СЕММ за механизми на внатрешно поврзување, ефективна размена на информации и моделите на транспарентност и отчетност
  • Организирање дебата и консултации со граѓаните за механизмите на транспарентност и повратни реакции (фидбек)
  • Подготовка на стратегиски план за внатрешно поврзување на органите на СЕММ заради транспарентно и отчетно работење, врз основа на учество од целните групи.
  • Информирање на граѓаните за механизмите на транспарентност, отчетност и вклучување во работата на СЕММ
  • Контактирање на медиумите заради информирање околу принципите и механизмите на транспарентност и отчетност на СЕММ и објаснување на механизмите на соработка со саморегулативното тело

mcms


Акциски грант финансиран од УНЕСКО: “Транспарентност, градење на доверба и соработка за подобрување на медиумската саморегулација”

Времетраење: 9 месеци (август 2018 – април 2019 година)

Буџет: 23.996 евра

Во рамките на проектот се реализираа следните активности:
  • Распишување на повик за избор на новинарски стории во кои се запазени професионалните стандарди во известувањето, избор и наградување на 3 најуспешни стории.
  • Промовирање на најуспешните стории на социјалните мрежи.
  • Огранизирање на 2 настани (отворен ден) за запознавање со СЕММ и одржување јавна седница на Комисијата за жалби.
  • Организирање на пролетен камп за медиумска етика за 30 учесници од Македонија и Албанија


Грант од Делегацијата на ЕУ за организирање на медиумските награди “Жан Моне 2018”

Времетраење: 4 месеци (септември 2018 – декември 2018)

Буџет: 14.968 евра

Реализираните активности беа поврзани со промоција и организирање на медиумските награди “Жан Моне 2018”.

EU mk1


Акциски грант финансиран од УНЕСКО – „Изградба на мрежи на поддршка за зајакнување на саморегулацијата во медиумите и промоција на човековите права“

Времетраење: 12 месеци (јуни 2017 – јуни 2018 година)

Буџет: 23.995 евра

Во рамки на проектот се реализираа следните активности:

  • Распишување на повик за избор на новинарски стории во кои се запазени професионалните стандарди во известувањето, избор и наградување на 3 најуспешни стории.
  • Промовирање на најуспешните стории на социјалните мрежи.
  • Отворен ден за запознавање со СЕММ и одржување јавна седница на Комисијата за жалби.
  • Учество на двајца претставници на СЕММ на годишниот состанок на Алијансата на независни Совети за етика во Европа.
  • Организирање на дводневна работилница во Македонија, за споделување на искуства со пет претставника од Албанскиот Совет за етика.
  • Организирање на посета на Совет за етика во ЕУ земја, со цел градење на капацитетите на СЕММ и споделување на искуства и предизвиците со кои се соочува Советот.


Двегодишен институционален грант финансиран од Цивика Мобилитас
 
Времетраење: април 2016 – март 2018 година
 
Буџет:  2.500.280 денари
Со овој грант беше поддржано функционирањето на канцеларијата на Советот за етика во медиумите (СЕММ) и работата на Комисијата за жалби при СЕММ. Исто така, со него се покриваа редовните оперативни трошоци. Реализирани беа активности за зголемување на видливоста на Советот (видео и публикации за саморегулација во медиумите). 
 

Проект поддржан од МИМ/ЕУ „Преку саморегулација до кредибилитет на медиумите и јавната доверба” во рамките на проектот “#ReForMedia – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера”
 

Времетраење: 6 месеци, октомври 2016 – март 2017 година

Буџет:  9.990 евра

Активностите беа главно насочени кон промовирање на работата на СЕММ и неговите компетенции и поттикнување на граѓаните да учествуваат во зајакнувањето на саморегулацијата во земјата.

Во рамките на проектот се реализираа следните активности:

  • Објавување на искуствата од работата на СЕММ и резултатите од работата на Комисијата за жалби при СЕММ
  • Компаративна анализа на практиките на советите на медиумите во Европа и етичките рамки/препораки за Македонија
  • Конференција за медиумска етика и саморегулација
  • Две дебати на универзитетите за унапредување на работата на СЕММ

 


Институционален грант: „Институционално зајакнување на Советот за етика во медиумите на Македонија” од Амбасадата на Кралството Холандија“

Времетраење: 2 години (1 декември 2014 – 30 декември 2016 година)

Буџет: 7.747.740 денари

Активностите на овој проект беа насочени кон:

  • Создавање на оперативни услови за функционирање на Советот за етика во медиумите на Македонија
  • Промовирање во јавноста на CЕММ и Кодексот на новинарите на Македонија
  • Развивање на пракса на поднесување жалби до Комисијата за жалби
  • Активности за подигнување на свеста за професионално медиумско известување
  • Иницирање на локална и регионална соработка меѓу медиумите и соработка со организациите со членство
  • Креирање на план за долгорочна самоодржливост и стратегија


Акциски грант финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија: „Democracy Watch 2015: Политичкиот плурализам во медиумите, пред и за време на избори”

Времетраење: 7 месеци (ноември 2015 – мај 2016 година)

Буџет: 5.050 евра

Активностите на овој проект беа насочени кон зголемување на разбирањето на јавноста и на видливоста на улогата на Советот за етика во медиумите, промовирање на улогата на CЕММ како посредник меѓу јавноста и медиумите и обезбедување на навремени и редовни известувања за потребата од изнаоѓање на брзи правни лекови во контекст на известувањето за изборите и наодите/жалбите во однос на медиумите од страна на Институтот за комуникациски студии/Школата за новинарство и за односи со јавноста.

Во рамките на овој проект беа преземени следните активности:

  • Беше формирано тело одговорно за координација на реакциите на одговор од страна на СЕММ
  • Јавни консултации/дебати со претставници на граѓанскиот сектор, државните институции и медиумите на национално, регионално и локално ниво
  • Беше подготвена публикација која содржеше преглед на најчестите случаи на жалби во однос на медиумите пред и за време на изборите.

 


Акциски грант финансиран од УНЕСКО: „Приближување на учесниците со цел подобрување на саморегулацијата во медиумите“

Времетраење: 10 месеци (март 2016 – декември 2016 година)

Буџет: 15.995 евра

Во рамките на проектот беа преземени следните активности:

  • Беше спроведено истражување меѓу новинарите и претставниците на граѓанското општество во однос на перцепциијата на саморегулацијата во медиумите и улогата на СЕММ
  • Беа реализирани четири ТВ дебати за прашања од значење за саморегулацијата и медиумскиот професионализам
  • Учество на двајца претставници на Советот на конференцијата за Светскиот ден на слободата на медиумите во Хелсинки, Финска во 2016 година
  • Три дебати со студентите на Универзитетите во земјата
  • Работилница со претставници на менаџментот на медиумите фокусирана на потребата за поддршка на саморегулацијата


Проект финансиран од УНЕСКО „Информирај и биди информиран”

Времетраење: 4 месеци, април 2015 – јули 2015 година

Буџет: 229.152 денари

Сите активности главно беа насочени кон зголемување на свеста на граѓаните низ целата земја за постоењето и улогата на СЕММ, воведувањето на Управниот одбор на Советот, Извршната канцеларија и Комисијата за жалби, како и запознавање со начините на поднесување жалби.

Во рамките на проектот беа преземени следните активности:
  • Регионално и меѓународно вмрежување
  • Двајца претставници на СЕММ учествуваа на конференцијата организирана од страна на УНЕСКО по повод Светскиот ден на слободата на изразување, што се одржа во Рига во мај 2015 година, а еден претставник на СЕММ присуствуваше на Годишното собрание на AIPCE (Сојузот на независните совети на медиуми во Европа) во октомври 2015 година.


 

Scroll to Top