Сефер Тахири

Д-р Сефер Тахири, член на Комисијата за жалби, има дипломирано на Катедрата за новинарство при Правниот факултет во Скопје, а магистерски студии завршува на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, на студиската програма Комуникации. Магистрира со одбрана на теза на тема „Влијанието на политичките партии врз уредувачката политика на комерцијалните телевизии“, а докторира на Њујорк Универзитетот-Скопје, каде ја одбрани докторската дисертација на тема „Влијанието на политичките партии врз уредувачката политика на јавниот радиодифузен сервис-Македонска Радиотелевизија (1998-2006 година)“.
Од 2008 година и актуелно предава на групата предмети од областа на медиумите и комуницирањето при Факултетот за јазици, култури и комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Во 2009 година беше ангажиран и на Катедрата за новинарство при Државниот универзитет во Тетово.
Тахири има 15-годишно новинарско искуство. Од 1998-2000 беше новинар и уредник во весникот Факти, од 2000 до 2006 година беше уредник на вестите и заменик на главниот уредник на Програмата на албански Јазик на МТВ, а од 2006 до 2008 година заменик на главниот уредник на Телевизијата АЛСАТ-М. Во 2010 година беше уредник на веб – страницата на АЛСАТ-М. Паралелно со ангажманот во националните медиуми, од 2001 до 2011 година беше дописник на Радио Слободна Европа од Скопје-Програма на албански Јазик. Има учествувано во различни истражувачки проекти, реализирани од страна на Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство и односи со јавноста.

Scroll to Top