Сефер Тахири
Д-р Сефер Тахири има дипломирано на Катедрата за новинарство на Правниот факултет во Скопје, а магистерски студии завршил на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, на студиската програма Комуникации. Докторските студии ги заокружил на Њујорк Универзитетот-Скопје, со дисертацијата на тема „Влијанието на политичките партии врз уредувачката политика на јавниот радиодифузен сервис-Македонска Радиотелевизија (1998-2006 година)“. Од 2008 година предава неколку предмети од областа на медиумите и комуникациите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Тахири има преку 15-годишно новинарско и уредничко искуство во медиумите: Факти, Македонска радио-телевизија, ТВ Алсат и Радио Слободна Европа. Има учествувано во повеќе истражувачки проекти поврзани со медиумите.