Саморегулацијата во услови на Ковид-19 – тема на дебатата со медиумските работници од Пелагонискиот регион

Денеска се одржа онлајн средба со медиумските работници од Пелагонискиот регион кои дебитираа на тема ,,Mедиумско известување за време на Ковид-19 – искуства на СЕММ’’.

 “Најголемите предизвици со кои се соочија медиумите во време на Ковид 19 се едностраното известување, сензационалистичко известување, недоволната проверка на информациите,  како и недостигот на дистанца од политичките субјекти за коишто се информира“ – истакна Марина Тунева, извршна директорка на СЕММ. Воедно, потребата да се излезе од стандардната рамка во која делува СЕММ, односно разгледувањето на поднесените жалби, саморегулативното тело ја реализира преку организирање дебати, обуки и вклучување на локалните медиуми како партнери.

4

,,Најголемиот број претставки доаѓаат од граѓани и граѓански организации, особено за медиумски содржини поврзани со информирање за ковид – кризата. Лани до Комисијата стасале 140 претставки од кои 109 биле решени, 18 биле неосновани, а 13 се решиле со медијација, односно помирување помеѓу страните. Досега, во 2021 година, до канцеларијата на СЕММ биле поднесени  95 жалби, што е за зголемување 30 проценти, во однос на претходната година за истиот период“, истакна, Даниел Димитриески, координатор за програми и прием на жалби во Совет за
етика во медиумите.

Новинарите од Пелагонискиот регион потенцираа дека е потребно да се направи првична дистинкција помеѓу професионални и непрофесионални медиуми, со што ќе може да се зборува за повисоко ниво за професионалност на медиумите. Исто така, ја истакнаа недостапноста на информации од некои од јавните институции, особено на почетокот на пандемијата, што им создавало голем број на проблеми во навременото и ефикасното информирање на јавноста во тие локални средини.

Дополнително, учесниците укажаа и на големата потреба од директно вклучување на бизнис секторот во градење на нивни знаења за концептот на саморегулацијата, а особено во градење на капацитети за препознавањето на медиуми кои се професионални и кредибилни. 

4 4

Овој настан е во рамките на проектот ,,Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија’’ што го имплементира Советот за етика во медиумите (СЕММ), со поддршка на делегацијата на ЕУ во Р. Северна Македонија.

Scroll to Top