Работен состанок на редакцијата на Локал Актив Пелагонија во Прилеп

cover civica 123

Состанокот беше со цел да се претстават новите можности за развој на медиумите на заедницата, како клучни точки кои на локално ниво помагаат одржлив развој на овозможувачка средина за граѓанското општество.

Pроектниот координатор во РЕСИС, Игор Мицевски, ги информираше присутните  дека во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“, што го спроведуваат Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС и Советот за етика во медиумите во Македонија – СЕММ, со поддршка од владата на Швајцарија преку програмата „Цивика мобилитас“, и што ќе се реализира во наредните месеци –  ќе има нови можности за изработка на нови содржини кои ќе бидат објавени на трите постоечки платформи Локал Актив.

Овие истражувачки стории е планирано да се изработат во заеднички ангажман на еден искусен и еден помлад новинар на теми од областите на екологијата и борбата против корупцијата.

„Здружувањето на новинари и активисти е одличен пример за издигање на површина на проблемите на граѓанското општество и е можност граѓанското општество и граѓанските организации да добијат посилно чувство за следење на новинарското известување. При тоа, исклучително е важно нивните заеднички продукти да ги следат правилата за професионално, етичко известување, за што покоректно да ја информираат заедницата и да одбегнат евентуални критики“ – рече извршната директорка на СЕММ, Билјана Георгиевска, презентирајќи податоци за бројот и типот на поднесени претставки до Комисијата за жалби, во текот на 2025 година, односно за функционирањето на медиумската саморегулација.

Просечно до СЕММ  се поднесуваат околу 100 жалби годишно, но лани оваа бројка се искачи на 244 поднесени жалби. Комисијата утврди дека 96 имаат основа за да бидат разгледани, додека останатите ги  оцени како без основа за разгледување, од разни причини: поминат рок, непознат жалител, или затоа што се однесуваа на странски медиуми за кои СЕММ не е надлежна организација. civica 1234

На состанокот се дискутираше за ефектите од досегашните содржини објавени во медиумот на заедницата Локал Актив Пелагонија, како и за потребата од зајакнување на претстојните застапувачки активности кон релевантните институции, за  решавање на проблемите идентификувани во истражувачки приказни објавени на медиумот на заедницата.

 

disklejmer civica resis semm

Scroll to Top