Советот за етика во медиумите на Македонија објави „Прирачник за уредувачки насоки и најдобри практики за проверка на факти и безбедносни информации“.
Прирачникот е создаден со цел да ги поткрепи новинарите, уредниците и сите медиумски професионалци со практични алатки и насоки во борбата против дезинформациите.
Изданието ги содржи најдобрите светски практики и конкретни примери за избегнување на замките на дезинформациите, како и безбедносни препораки за заштита на податоци и информации. Прирачникот ќе биде особено корисен за новинарите кои известуваат за чувствителни теми од областа на безбедноста и ќе им помогне да креираат точни, балансирани и етички создржини.
Автори на Прирачникот се Зоран Бојаровски, новинар со долгогодишно искуство и Миле Бошњаковски, консултант за стратешки комуникации. Изданието е поддржано од Амбасадата на САД во Скопје, како дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на медиумите против дезинформациите во Северна Македонија“ имплементиран од Советот за етика во медиумите на Македонија.
Прирачникот на македонски јазик можете да го преземете на следниот линк а на албански на овој линк