Проекти

Проект: „Поттикнување на етичкиот пристап во известувањето кај потенцијалните млади новинари“ финансиран од Европската Унија (IPA/2022/441-824)

Времетраење: 12 месеци ( февруару 2024-јануари 2025)

Буџет: 14,993 евра

Општа цел: Унапредување на знаењето и свесноста на младите, во завршни години во средни училишта и на факултет, некои од нив идни новинари, за етичките и професионалните стандарди во новинарското известување и за улогата на само-регулацијата како чекор кон покредибилни медиуми и поквалитетно  новинарство.

—————————————————————————————————————————-

Проект: „Градење на доверба во медиумите на Југоисточна Европа: Поддршка на новинарството како јавно добро“, финансиран од УНЕСКО, Европска Унија

Времетраење: 10 месеци (19 септември 2023 – 18 јули 2024)

Буџет: 73.412 американски долари

Целта на проектот е засилување на одговорноста и транспарентноста на медиумите преку одржливи механизми за само-регулација. Една од носечките проектни активности е регионалната соработка за промоција на медиумската саморегулација.

—————————————————————————————————————————————–

Проект: „Советите за етика во медиумите во дигиталната ера #4“, со референтен број 101112048, финансиран од Европска извршна агенција за образование и култура, Европска Унија

Времетраење: 24 месеци ( 03 јули 2023 – 02 јули 2025)

Буџет: 49.712 евра

Проектот има за цел зајакнување на етиката во медиумите и независната медиумска само-регулација. Активностите предвидуваат охрабрување на медијацијата, помирување меѓу подносителите на жалба и медиумите, како и зголемување на транспарентността на сопствеништвото на онлајн медиумите.

——————————————————————————————————————————————

Проект: Зајакнување на медиумската отпорност против дезинформации во Северна Македонија“, финансиран од Амбасадата на САД во Скопје 

Времетраење: 12 месеци (02 октомври 2023 – 01 октомври 2024)

Буџет: 49.852 американски долари

Целта на проектот е подобрување на вештините на новинарите за разобличување на дезинформации и подобрување на медиумските содржини што се однесуваат на безбедносни теми.

—————————————————————————————————————————————–

Грант од Делегацијата на ЕУ : ЕУ Поддршка за владеење на правото – унапредување на етиката во медиумите“

Времетраење: 30 месеци (јануари 2021 – јуни 2023)

Буџет: 124.858

Целта на проектот е зајакнување на медиумската слобода во Северна Македонија и унапредување на професионалните стандарди и интегритетот на редакциите. Промоција и широка прифатеност на медиумската саморегулација како алатка за заштита на кредибилитетот на медиумите.

——————————————————————————————————————————————

Грант од Делегацијата на ЕУ за организирање на медиумските награди “Жан Моне 2018”

Времетраење: 4 месеци (септември 2018 – декември 2018)

Буџет: 14.968 евра

Планираните активности во склоп на грантот се поврзани со промоција и организирање на медиумските награди “Жан Моне 2018”.


Акциски грант финансиран од УНЕСКО: “Транспарентност, градење на доверба и соработка за подобрување на медиумската саморегулација”

Времетраење: 9 месеци (август 2018 – април 2019 година)

Буџет: 19.996 евра

Во рамките на Проектот се предвидени следните активности:

– Распишување на повик за избор на новинарски стории во кои се запазени професионалните стандарди во известувањето, избор и наградување на 3 најуспешни стории.
– Промовирање на најуспешните стории на социјалните мрежи.
– Огранизирање на 2 настани (отворен ден) за запознавање со СЕММ и одржување јавна седница на Комисијата за жалби.
– Организирање на пролетен камп за медиумска етика за 30 учесници од Македонија и Албанија


Акциски грант финансиран од МЦМС во рамки на проектот „Добро управување во граѓанските организации“: “До поголема отчетност и транспарентност преку учество и инклузија”

Времетраење: 12 месеци (јули 2018 – јули 2019)

Буџет: 410.956 мкд

Во рамките на Проектот се предвидени следните активности:
– Анализа на процедурите за внатрешна поврзаност и размена на информации меѓу органите на Советот за етика во медиумите
– Организирање работилница за органите на СЕММ за механизми на внатрешно поврзување, ефективна размена на информации и моделите на транспарентност и отчетност
– Организирање дебата и консултации со граѓаните за механизмите на транспарентност и повратни реакции (фидбек)
– Подготовка на стратегиски план за внатрешно поврзување на органите на СЕММ заради транспарентно и отчетно работење, врз основа на учество од целните групи.
– Информирање на граѓаните за механизмите на транспарентност, отчетност и вклучување во работата на СЕММ
– Контактирање на медиумите заради информирање околу принципите и механизмите на транспарентност и отчетност на СЕММ и објаснување на механизмите на соработка со саморегулативното тело

mcms


Институционален грант: „Институционално зајакнување на Советот за етика во медиумите во Македонија“ финансиран од Амбасадата на Кралството на Холандија

Времетраење: 2 години (01.08.2017 – 31.07.2019)

Буџет: 121,110 евра

Генерално, планираните активности во склоп на проектот се поврзани со:
• Придонесување во понатамошната промоција на саморегулација во медиумите како алатка за подобрување на медиумското известување и слободата на изразување
• Унапредување на државната, регионалната и интернационалната мрежа преку промоција на добри практики во делот на саморегулација и слободата на изразување во земјата
• Развивање на заедничка агенда за слободата на говор помеѓу сопственици на медиуми, уредници, новинари и претставници од граѓанскиот сектор


Акциски грант финансиран од УНЕСКО: „Изградба на мрежи на поддршка за зајакнување на саморегулација во медиумите и промоција на човековите права“

Времетраење: 12 месеци (јуни 2017 – јуни 2018 година)

Буџет: 23.995 евра

Во рамките на Проектот се предвидени следните активности:

  • Распишување на повик за избор на новинарски стории во кои се запазени професионалните стандарди во известувањето, избор и наградување на 3 најуспешни стории.
  • Промовирање на најуспешните стории на социјалните мрежи.
  • Отворен ден за запознавање со СЕММ и одржување јавна седница на Комисијата за жалби.
  • Учество на двајца претставници на СЕММ на годишниот состанок на Алијансата на независни Совети за етика во Европа.
  • Организирање на дводневна работилница во Македонија, за споделување на искуства со пет претставника од Албанскиот Совет за етика.
  • Организирање на посета на Совет за етика во ЕУ земја, со цел градење на капацитетите на СЕММ и споделување на искуства и предизвиците со кои се соочува Советот.


Двегодишен институционален грант финансиран од ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Времетраење: април 2016 – март 2018 година
Буџет:  2.500.280 денари
Во принцип, со овој грант се поддржува функционирањето на канцеларијата на Советот за етика во медиумите (СЕММ) и работата на Комисијата за жалби при СЕММ. Исто така, со него се покриваат редовните оперативни трошоци. Планирани се активности за зголемување на видливоста на Советот (видео и публикации за саморегулација во медиумите). Како дел од проектот, во 2017 година се планира и воспоставување на неформално тело за справување со говорот на омраза во медиумите.

Проект поддржан од МИМ/ЕУ „Преку саморегулација до кредибилитет на медиумите и јавната доверба” во рамките на проектот “#ReForMedia – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера”

Времетраење: 6 месеци, октомври 2016 – март 2017 година

Буџет:  9.990 евра

Во принцип, активностите се главно насочени кон промовирање на работата на СЕММ и неговите компетенции и поттикнување на граѓаните да учествуваат во зајакнувањето на саморегулацијата во земјата.

            Во рамките на Проектот се преземаат и се планираат следните активности:

  • Објавување на искуствата од работата на СЕММ и резултатите од работата на Комисијата за жалби при СЕММ
  • Компаративна анализа на практиките на советите на медиумите во Европа и етичките рамки/препораки за Македонија
  • Конференција за медиумска етика и саморегулација
  • Две дебати на универзитетите за унапредување на работата на СЕММ


Институционален грант: „Институционално зајакнување на Советот за етика во медиумите на Македонија” од Амбасадата на Кралството Холандија“

Времетраење: 2 години (1 декември 2014 – 30 декември 2016 година)

Буџет: 7.747.740 денари

            Во принцип, активностите на овој проект беа насочени кон:

  • Создавање на оперативни услови за функционирање на Советот за етика во медиумите на Македонија
  • Промовирање во јавноста на CЕММ и Кодексот на новинарите на Македонија
  • Развивање на пракса на поднесување жалби до Комисијата за жалби
  • Активности за подигнување на свеста за професионално медиумско известување
  • Иницирање на локална и регионална соработка меѓу медиумите и соработка со организациите со членство
  • Креирање на план за долгорочна самоодржливост и стратегија


Акциски грант финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија: „Democracy Watch 2015: ПОЛИТИЧКИОТ ПЛУРАЛИЗАМ ВО МЕДИУМИТЕ, ПРЕД И ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРИ”

Времетраење: 7 месеци (ноември 2015 – мај 2016 година)

Буџет: 5.050 евра

Во принцип, активностите на овој проект беа насочени кон зголемување на разбирањето на јавноста и на видливоста на улогата на Советот за етика во медиумите, промовирање на улогата на CЕММ како посредник меѓу јавноста и медиумите и обезбедување на навремени и редовни известувања за потребата од изнаоѓање на брзи правни лекови во контекст на известувањето за изборите и наодите/жалбите во однос на медиумите од страна на Институтот за комуникациски студии/Школата за новинарство и за односи со јавноста.

Во рамките на овој проект беа преземени следните активности:

  • Беше формирано тело одговорно за координација на реакциите на одговор од страна на СЕММ
  • Јавни консултации/дебати со претставници на граѓанскиот сектор, државните институции и медиумите на национално, регионално и локално ниво
  • Беше подготвена публикација која содржеше преглед на најчестите случаи на жалби во однос на медиумите пред и за време на изборите.


Акциски грант финансиран од УНЕСКО: „Приближување на учесниците со цел подобрување на саморегулацијата во медиумите“

Времетраење: 10 месеци (март 2016 – декември 2016 година)

Буџет: 15.995 евра

Во рамките на Проектот беа преземени следните активности:

  • Беше спроведено истражување меѓу новинарите и претставниците на граѓанското општество во однос на перцепциијата на саморегулацијата во медиумите и улогата на СЕММ
  • Беа реализирани четири ТВ дебати за прашања од значење за саморегулацијата и медиумскиот професионализам
  • Учество на двајца претставници на Советот на конференцијата за Светскиот ден на слободата на медиумите во Хелсинки, Финска во 2016 година
  • Три дебати со студентите на Универзитетите во земјата
  • Работилница со претставници на менаџментот на медиумите фокусирана на потребата за поддршка на саморегулацијата


Проект финансиран од УНЕСКО „Информирај и биди информиран”

Времетраење: 4 месеци, април 2015 – јули 2015 година

Буџет: 229.152 денари

Во принцип, сите активности главно беа насочени кон зголемување на свеста на граѓаните низ целата земја за постоењето и улогата на СЕММ, воведувањето на Управниот одбор на Советот, Извршната канцеларија и Комисијата за жалби, како и запознавање со начините на поднесување жалби.

            Во рамките на Проектот беа преземени следните активности:

  • Во рамките на Проектот беа преземени следните активности:
  • Регионално и меѓународно вмрежување
  • Двајца претставници на СЕММ учествуваа на конференцијата организирана од страна на УНЕСКО по повод Светскиот ден на слободата на изразување, што се одржа во Рига во мај 2015 година, а еден претставник на СЕММ присуствуваше на Годишното собрание на AIPCE (Сојузот на независните совети на медиуми во Европа) во октомври 2015 година.


Scroll to Top