Краток опис:
Комисијата за жалби е составена од 7 членови и има мандат од четири (4) години. Двајца од членовите се предлог на сопствениците на медиумите – членки на СЕММ, двајца се новинари по предлог на Здружението на новинари на Македонија и тројца се избираат по пат на јавен оглас.
Комисијата за жалби се состанува по потреба, а најмалку еднаш месечно. Начинот на работата на Комисијата се регулира со посебен правилник.
Критериуми за избор:
- Завршено најмалку високо образование (за предност се смета завршен степен на образование од областа на правните науки, комуникологијата, интеркултурните комуникации и сл.)
- Лицето е потребно да има познавање од областа на медиумите, етиката во новинарството, медиумското право и други сродни области
- Претставникот на јавниот живот кој се избира со овој оглас, не треба да е активен новинар или професионално ангажиран во медиумите
- Да не биде политичар, истакнат партиски активист, член на партиски тела или активист во партиски штаб.
Работни обврски на членовите на Комисијата:
- разгледуваат жалби од граѓани, правни лица, граѓански и меѓународни организации во врска со објавените содржини во медиумите (печатени или електронски медиуми и онлајн портали)
- учествуваат во процесот на донесување одлуки и мислења по однос на жалбите, а во врска со евентуално непочитување на членовите на Кодексот на новинарите на Македонија, Декларацијата на принципи за однесување на новинарите на Меѓународната федерација на новинари, Насоките за етичко известување во онлајн медиумите и сл.;
- учествуваат во подготовка на препораки до уредниците и медиумите за да не дојде до непочитување на членовите на Кодексот
- усвојуваат насоки и упатства врз основа на толкување на членовите од Кодексот
- иницираат анализи, дискусии и испитувања на одделни значајни прашања поврзани со членовите од Кодексот
- разгледуваат резултати од анализи и истражувања за почитувањето на професионалните стандарди во медиумските содржини
- ја следат примената за непочитување на Кодексот на новинарите на Македонија за професионално медиумско известување
- учествуваат во активности за информирање на јавноста за работата на Комисијата за жалби и запознавање со начините на кои функционира ова работно тело.
Рок и начин на доставување на пријавите:
Заинтересираните кандидати потребно е да достават кратка биографија и писмо за мотивација на konkurs@semm.mk (со назнака: за огласот за член на Комисија за жалби во СЕММ), до 20 јуни 2022 година.
Во процесот на селекција ќе бидат земени предвид и досега поднесените апликации.