Советот за етика во медиумите на Македонија промовира Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен и на македонски и албански јазик. Оваа публикација има за цел да ги насочи професорите и обучувачите на новинари да им помогнат не само на студентите, туку и на репортерите кои веќе работат во новинарството, правилно да се соочат со едно од најголемите прашања на нашето време – напредокот на вештачката интелигенција која го погодува целото општество.
Објавувањето на публикацијата е поддржано од УНЕСКО како активност од регионалниот проект „Градење доверба во медиумите на Југоисточна Европа: поддршка на новинарството како општо добро“.
Оваа публикација опфаќа повеќе аспекти :
–Разбирање на машинската интелигенција и идентификување на различни видови ВИ
-Истражување на потенцијалите на ВИ, на нејзината моќ но и на слабостите
-Замислување на различните иднини со ВИ преку препознавање на раширените популарни наративи кои ја информираат јавната свест
-Разбирање на улогата на новинарите во посредувањето и зацртувањето на ВИ дискурсот
-Наоѓање начини за известување за ВИ на прецизен, реален и одговорен начин
-Поврзување на постоечките новинарски жанри, почнувајќи од правењето вести до извештаи засновани на податоци
Советот за етика во медиумите на Македонија, пак, ја овозможи оваа публикација, за да им помогне на домашните новинари и медиуми да фатат чекор со развојот на технологиите во светот, со нивната примена во секојдневното новинарство, но и да се соочат со дилемите што се јавуваат со развојот на ВИ.
„ВИ се користи на многу различни начини во новинарството, од помош при пишување приказни до идентификување лажни вести. Иако сето ова има свои предности, сепак, постои и простор за загриженост.“
Како дел од серијата за обука на новинари, Меѓународната програма за развој на комуникациите (МПРК) при УНЕСКО го поддржа објавувањето на овој прирачник. Една од клучните цели на оваа организација е подобрување на образованието за новинари како уникатна меѓувладина програма во системот на Обединетите Нации, специјализиран за развој на медиумите.
Прирачникот може да го симнете тука.