ОПШТЕСТВЕНОТО ПОВРЗУВАЊЕ И ВКЛУЧЕНОСТА ВО СПРАВУВАЊЕТО СО ГОВОРОТ НА ОМРАЗА
Секој говор на омраза не резултира во физичко насилство, но во најголемиот број случаи тој се повикува на насилството, се заканува со него или го презентира како најдобро или единствено средство за разрешување на некој конфликт или различност. Во свеста на оној кој користи говор на омраза „потребата од насилство“ се оправдува и се прифаќа како неопходно средство за надминување на некој постоечки конфликт.