Оглас за вработување во СЕММ, Извршен директор

Датум: 15.03.2022

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) објавува оглас за вработување на едно лице на работно место Извршен директор, на определено време (шест месеци, со можност за продолжување на работниот ангажман)

Локација: Скопје
Времетраење: определено (полно работно време)

Клучни работни обврски:

  • Планира, управува и учествува во подготовка на проектите и програмите на Извршната канцеларија
  • Учествува во ра­бо­та­та на си­те ор­га­ни на Советот
  • Презема мер­ки и актив­но­сти за спро­ве­ду­ва­ње на усво­е­ни­от го­ди­шен план, од­лу­ки­те и дру­ги акти до­не­се­ни од Со­бра­ни­е­то и од Управниот одбор
  • Раководи со процесот на подготовка на стратегијата за работа на организацијата, во соработка со Управниот одбор на СЕММ
  • Во координација со Управниот одбор, го за­ста­пу­ва и претставува Советот во јав­но­ста
  • Покренува процес на медијација како дел од жалбената постапка до СЕММ
  • Подготвува периодични и завршни извештаи (наративни и финансиски)
  • Планира и координира настани за различни целни групи, вклучувајќи ги и медиумите (работилници, обуки, дебати, конференции, седници на телата на СЕММ, итн.)
  • Учествува во планирање и координација на истражувања за потребите на СЕММ, во координација со релевантните чинители
  • Планира и учествува во реализација на кампањи (едукативни и кампањи за покренување на јавната свест)
  • Учествува во навремено и ефективно спроведување на одлуките и заклучоците на Управниот одбор и Собранието на СЕММ
  • Врши надзор над управувањето со административното и канцелариското работење на Советот
  • Комуницира со релевантни институции, оранизации, соработници и со граѓаните за потребите на Советот

Потребни квалификации

  • Високо образование, за предност се смета повисок степен на образование во областа на општествените науки, новинарството и комуникациите
  • Одлично познавање и искуство од областа на медиумската саморегулација, слободата на изразување и работењето на медиумите
  • Најмалку 5 години работно искуство со проекти финансирани од меѓународни донатори во рамки на граѓанска организација или фондација
  • Познавање на процедурите за раководење проекти поддржани од меѓународни донатори
  • Одлични комуникациски вештини и вештини за истражување и академско пишување, застапување и односи со јавноста
  • Вештини за организирање настани од голем обем
  • Способност за тимска работа и реализација на задачите во краток временски рок
  • Одлично познавање на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Outlook, Powerpoint)
  • Одлично познавање на англиски јазик, усна и писмена комуникација
  • Силни организациски вештини

Заинтересираните е потребно да поднесат

  1. Биографија
  2. Писмо за мотивација
  3. Најмалку три препораки

Документите за аплицирање потребно е да се испратат на следнава електронска адреса: info@semm.mk, дo 21.03.2022 година (понеделник), до 17:00 часот.

Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на интервју. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса. Без телефонски јавувања.

Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)

etikapress

Scroll to Top