НАСОКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОРУПЦИЈА И ПРОМОВИРАЊЕ НА ЕТИКАТА ВО МЕДИУМИТЕ

Медиумите честопати се нарекуваат четврти столб во демократијата. Тие имаат клучна улога во следењето и истражувањето на работењето на јавните институции и навремено информирање на јавноста. Сепак, медиумите и новинарите не се имуни на корупција. Иако постои само ограничено истражување и свесност за корупцијата во медиумите, постои широк консензус дека развојот на независни, законски заштитени, професионално управувани и економски одржливи медиуми за вести, е од суштинско значење за обезбедување на отчетни, одговорни и етички медиуми.

Целта на овој Прирачник, пред сè, наменет за медиумските работници и новинари, е да ја подигне свеста за ризиците од корупција во медиумите (печатените и електронските) како и давање на соодветни препораки за нивно намалување, како и препораки за зајакнување на улогата на медиумите во борбата против корупцијата.

Scroll to Top