Избрани се членовите на Комисијата за жалби при СЕММ

Согласно статутарните одредби на Советот за етика во медиумите (СЕММ), на 17 мај 2024 беше распишан јавен повик за избор на двајца (2) членови на Комисијата за жалби при СЕММ. Управниот одбор на организацијата, на последниот состанок, ги разгледа пристигнатите апликации и ја донесе следната одлука:
За членови на Комисијата за жалби, на повикот од СЕММ, се избрани новинарите Тамара Чаусидис и Сефер Тахири. За членови на Комисијата за жалби, на повикот од Здружението на новинари на Македонија избрани се новинарите Мирче Адамчевски и Зеријета Јајага. Додека за членови на комисијата за жалби при СЕММ на повиците од Асоцијацијата за заштита на печатените медиуми и од Здружението на електронски медиуми “Медиум Објектив” се избрани новинарката Жана Божиновска и Димитар Мицев, сопственик на електронски медиум.
Сите избрани членови имаат мандат од четири години.
Scroll to Top