Етиката во време на вештачка интелигенција

Започна регионална кампања за подигнување на свеста за важноста на Советите за етика во медиумите во земјите од Западен Балкан и Турција

Во време кога „дипфејк“ видеата изгледаат реално, кога содржините генерирани од вештачка интелигенција стануваат вирални, а довербата во медиумите е на удар, се поставува прашањето: кој се грижи за тоа новинарството да остане етичко?Кампанја фото

Регионалната кампања, поддржана од УНЕСКО и финансирана од Европската Унија*, ги обединува Советите за етика во медиумите од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција со цел да ја подигне свеста за тоа на кој начин генеративната вештачка интелигенција ја предизвикува вистината,  и на кој начин етиката може да одговори.

Преку две впечатливи анимирани инфографици ја покажуваме:
· Опасноста за етиката поради злоупотреба на ВИ во новинарството
· Клучната улога на советите за етика во медиумите за зачувување на интегритетот, транспарентноста и довербата на публиката

Вештачката интелигенција може да реплицира глас,  но само луѓето можат да ги одржат вредностите.

Во ерата на ВИ, етичкото новинарство не е луксуз — туку неопходност.

Следете го вашиот локален совет за етика во медиумите.

Поддржете етичко новинарство.

Изберете вистина.

* Мислењата изразени во кампањата не ги одразуваат нужно ставовите на УНЕСКО или на Европската Унија.

Scroll to Top