▷Следење на примената на професионалните стандарди во новинарското известување во Република Македонија; |
▷ Обезбедување стручна и советодавна помош за членовите на Советот и на пошироката јавност; |
▷ Организирање семинари, работилници, конференции, дебати и други активности со цел да се унапредат професионалните стандарди и да се промовира работата на Советот; |
▷ Покренување иницијативи пред надлежните органи со цел создавање услови за непречено работење на саморегулаторното тело за медиуми во Република Македонија; |
▷ Размена на искуства и информации со сродни здруженија и други здруженија на граѓани во земјата и во странство; |
▷ Издавање книги, брошури, билтени и други публикации, и создавање и ажурирање на веб-страницата и профилите на социјалните мрежи, заради остварување на целите на Советот; |
За постигнување на своите цели и задачи, Советот дејствува врз основа на Уставот и законите на Република Македонија, врз основа на Кодексот на новинарите на Македонија, како и врз основа на сите меѓународни документи ратификувани од страна на Република Македонија кои се однесуваат на слободата на медиумите, слободата на говорот и правата на човекот.