Правила за прием на Интернет портали за членство во СЕММ
Облигаторни критериуми:
- Да имаат наведено веродостоен импресум (уредник, редакција), контакт- податоци и адреса
- Да гo почитуваат Кодексот на новинарите, Повелбата за етичко известување за избори и Статутот на СЕММ
- Членките да се онлајн медиуми кои редовно објавуваат информативни содржини од јавен интерес
- Да имаат регистрирано правно лице во Република Северна Македонија и транспарентно да ја декларираат сопственоста
- Членките да имаат транспарентно финансирање, во согласност со законот
- Да ги објавуваат одлуките на СЕММ и да се вклучуваат во процесот на медијација
- На својата страница да постават банер со кој се обврзуваат дека ќе ги почитуваат принципите на Кодексот (и саморегулацијата)
- Објавените текстови да се потпишани од автор, а доколку се преземени од други медиуми тоа да биде наведено, во согласност со Законот за заштита на авторски права
Дополнителни препораки:
- Членките да имаат објавено ценовници за рекламирање или линк до објавен ценовник во маркетинг агенција
- Членките потребно е да имаат МК домеин
- Платената комерцијална содржина потребно е да е видливо означена
- Пожелно е професионалните редакции да имаат најмалку еден уредник и најмалку двајца вработени и просторни и технички услови за професионално извршување на работата
Медиумот се исклучува од членство по три одлуки на Комисијата за жалби во рок од три месеци во коишто е утврдено прекршување на Кодексот на новинари, при што Управниот одбор на СЕММ го зема предвид однесувањето на медиумот во текот на процесот, учеството во медијација и поправката на стореното прекршување.