АПЕЛ ЗА ВНИМАТЕЛНО И ЕТИЧКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразуваат длабоко жалење до семејствата на починатите и повредените во пожарот што синоќа се случи во Кочани. Истовремено,  двете организации апелираат до сите новинари и медиуми доследно да ги почитуваат етичките принципи при известувањето, зацртани во Кодексот на новинарите на Македонија и Насоките за етичко известување на онлајн медиумите, почитувајќи ја личната болка на семејствата на загинатите и повредените лица.
Информирањето да биде засновано на потврдени информации од официјални извори, без сензационализам и шпекулации:
• Избегнување драматични наслови, фотографии и видео-материјали што можат да предизвикаат дополнителна вознемиреност.
• Објавување само проверени информации од релевантни извори.
• Интервјуирање и снимање сведоци или блиски на жртвите со емпатија, без дополнително предизвикување вознемиреност.
• Одмерено и непристрасно известување, без пренагласено или сензационалистичко толкување на случувањата.
• Да покажеме одговорно и хумано новинарство.
СЕММ и ЗНМ ги охрабруваат граѓаните доколку забележат прекршувања на Кодексот на новинарите во медиумите да пријават преку официјалните формулари достапни на веб-страниците на организациите.
Scroll to Top