Од почетокот на оваа училишна година СЕММ реализираше 10 работилници со средношколци и студенти на тема: медиумска саморегулација и неширење дезинформации. Во проектот “Поттикнување етички пристап во известувањето кај потенцијални млади новинари”, поддржан од ЕУ се вклучија десетици млади ученици и студенти од Правниот факултет при УКИМ – Скопје, Универзитетот на Jугоисточна Европа и Државниот универзитет во Тетово, универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, им благодариме на средношколците и наставниците во гимназиите “Јосип Броз Тито” и “Зеф Љуш Марку” во Скопје, гимназијата “Славчо Стојменски” и средното училиште “Коле Нехтенин” во Штип, како и на учениците и наставниците во гимназијата “Кирил Пејчиновиќ” во Тетово.
Овие средби, со динамични и љубопитни млади луѓе, за СЕММ беа драгоцено искуство и прилика за разговор околу тоа како да се избере кредибилен извор на информаци, како да се одбегнат пропагандата и обидите за манипулација на читателите, како да се препознаат грешки и пречекорување на Кодексот на новинарите на Македонија во медиумските содржини и зошто е важно да се спречи ширењето на дезинформации и говор на омраза.
Младите бараат многу одговори, многу разговори и размена на искуства за медиумската саморегулација и „правилата на игра“ за новинарите и медиумите.