Повик за обучувачи за потребите на проектот: Зајакнување на отпорноста на медиумите против дезинформациите во Северна Македонија
Вовед
Целта на проектот што СЕММ го спроведува со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје-програма за грантови, е да да ги поттикне новинарите и медиумските професионалци ефикасно да се спротивстават на дезинформациите и да го подобрат квалитетот на медиумските содржини поврзани со безбедноста и националната одбрана.
Проектот предвидува обука за подобрување на вештините и знаењата на учесниците преку споделување добри практики меѓу новинарите и релевантните институции. Обуката ќе обезбеди подобрување на техничките способности, користење на веб алатки за справување со дезинформации и лажни вести и поттикнување на поголема соработка помеѓу медиумите и владините засегнати страни.
Пристапот подразбира активности преку кои медиумските професионалци и јавноста ќе стекнат вештини и знаења за да се спротивстават на дезинформациите, при што ќе се делува и против ерозијата на довербата во демократските вредности и националната безбедност. Ова е во согласност со аспирациите на Северна Македонија за унапредување на демократските вредности и приближување кон стандардите на ЕУ, за засилување на отпорноста на општеството кон дезинформации и подобрување на соработката меѓу медиумите и владините чинители.
Предмет на ангажман
Клучен чекор за остварување на целите на проектот е да се поттикнат новинарите и медиумските работици ефективно да се спротивстават на дезинформациите и да го подобрат медиумското известување за прашања поврзани со безбедноста и националната одбрана. За оваа цел СЕММ бара понуди од 4 квалификувани домашни експерти за спроведување на две обуки, секоја во траење од 2 дена (март-мај 2024 година) за вкупно 40 новинари, од кои најмалку 20 ќе бидат од локални и регионални медиуми.
Тренинг-сесиите целат кон тоа да ги обучат новинарите како да препознаат и со проверка на факти да ги разобличат дезинформациите од областа на безбедноста и одбраната, да ги подобрат нивните истражувачки вештини за дезинформациски наративи и да креираат јасни и разбирливи содржини кои ефикасно ќе комуницираат со публиката.
Дополнителни информации за обуките:
- Обуките предвидуваат заеднички сесии со претставници од Министерството за одбрана заради подобрување на соработката со новинарите при откривање штетни дезинформациски наративи.
- Во текот на обуката новинарите ќе бидат охрабрени да предложат идеи за истражување во областа на дезинформациите во одбраната, а 2 најдобри идеи, со менторска поддршка од обучувачите, ќе бидат објавени како истражувачки стории.
- На обуките ќе претходи истражување со 2 фокус групи- новинари заради проценка на нивните познавања и потреби во однос на темата.
Резултат
Резултат од обуките треба да биде извештај на македонски јазик, не подолг од 20 страници.
Временска рамка
Краен рок за реализација на обврските е 15 Јуни 2023 година.
Потребни квалификации и вештини на обучувачите
Понудувачот (доколку е правно лице) треба да предложи најмалку еден (1) експерт, со следните вештини и квалификации:
Општи вештини и квалификации
- Високо образование во областа на општествените науки.
- Најмалку 3 години искуство во истражување и препознавање дезинформации во областа на безбедноста и одбраната, искуство во градење и пренесување јасни и разбирливи содржини за ефективно да комуницираат со публиката.
- Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик.
Специфични вештини и квалификации
- Учество во најмалку две истражувања/анализи/трудови на тема дезинформации во областа на безбедноста и одбраната.
- Најмалку 5 години работно искуство.
Буџет
Вкупниот буџет за реализација на обуката, по обучувач, изнесува не повеќе од 84.600,00 денари бруто износ, кој ги вклучува сите трошоци за реализација на обуката (хонорар за подготовка на материјалот за обука, презентација на материјалот и спроведување на обуката, даноци, патни трошоци, трошоци за комуникација и слично).
Пријавување
Професионална биографија и мотивациско писмо да се испрати на info@semm.mk со предмет на пораката: Обука против дезинформации. Краен рок е 31 јануари 2024 година.
За сите дополнителни прашања можете да ни пишете на info@semm.mk