Оглас

Краток опис:
Комисијата за жалби е составена од 7 членови и има мандат од четири години. Двајца од членовите се предлог на сопствениците на медиумите – членки на СЕММ, двајца се новинари по предлог на Здружението на новинари на Македонија и тројца се избираат по пат на јавен оглас. Комисијата за жалби се состанува по потреба, а најмалку еднаш месечно. Начинот на работата на Комисијата се регулира со посебен правилник.

 

Критериуми за избор:

  • Завршено најмалку високо образование (за предност се смета завршен повисок степен на образование од областа на комуникологијата, новинарството, правото, интеркултурните комуникации и сл.)
  • Лицето е потребно да биде експерт и да има работно искуство од областа на медиумите, етиката во новинарството, медиумското право и други сродни области
  • Претставникот на јавниот живот, кој се избира со овој оглас, не треба да е активен новинар или професионално ангажиран во медиумите
  • Да не биде носител на јавна функција, политичар, истакнат партиски активист, член на партиски тела или активисти во партиски штабови

 

Работни обврски на членовите на Комисијата:

  • разгледуваат жалби од граѓани, правни лица, граѓански и меѓународни организации во врска со објавените содржини во медиумите (печатени, електронски и Интернет портали)
  • донесуваат одлуки по жалбите во врска со евентуални прекршувања на Кодексот на новинарите на Македонија, Декларацијата на принципи за однесување на новинарите на Меѓународната федерација на новинари, и сл.;
  • упатуваат препораки до уредниците и медиумите за да не дојде до прекршување на Кодексот
  • усвојуваат насоки и упатства врз основа на толкувањето на одредбите од Кодексот
  • иницираат сопствени анализи, дискусии и испитувања на одделни значајни прашања поврзани со одредбите од Кодексот
  • разгледуваат резултати од мониторинг и од истражувања на почитувањето на професионалните стандарди во медиумските содржини
  • ја следат примената и поставуваат прашања за кршењата на етичкиот кодекс за професионално медиумско известување
  • учествуваат во активности за информирање на јавноста за работата на Комисијата за жалби и запознавање со начините на кои функционира ова тело.

Рок и начин на доставување на пријавите:
Заинтересираните кандидати потребно е да достават кратка биографија и писмо за мотивација на konkurs@semm.mk (со назнака за огласот за член на Комисија за жалби во СЕММ), најдоцна до 25 јануари 2019 година.

Scroll to Top