Повик за ангажирање на надворешни соработници за изработка на нов Етички кодекс за новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во рамките на проектот „Јакнење на новинарските стандарди – дигитални напредоци и влијание врз медиумската средина“ започна процес за изработка на нов Етички кодекс за новинарите и медиумите во РС Македонија.

Контекст

Новинарството во Северна Македонија се соочува со бројни предизвици  произлезени од брзиот развој на дигиталните медиуми и нивното влијание врз јавниот дискурс. Искуството покажа дека постоечките етички стандарди, зацртани пред повеќе од две децении, веќе не одговараат на современите потреби и предизвици на новинарите и медиумските организации, а тоа пак не ретко ја отежнува работата на медиумските само-регулативни тела.

Со цел да одговори на овие предизвици, проектот предвидува изработка на нов Етички кодекс во кој ќе бидат унапредени стандардите во Кодексот од 2001 година, овозможувајќи подобра усогласеност со современите предизвици.

Цел на повикот:

Целта на овој повик е ангажирање на тим од двајца до тројца надворешни соработници за изработка на новиот Етички кодекс за новинари и објаснувачки дел во кој секој член од кодексот ќе биде илустриран со примери.

Повеќе информации за повикот прочитајте тука.

Постапка: Отворен повик

Тип на договор: Договор за набавка на услуги

Потребни документи

  • Биографија,
  • Кусо писмо за мотивација,
  • Изјава (Анекс 1),
  • Финансиска понуда (Анекс 2) и

Начин и рок на аплицирање

Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (биографија, и пополнети Анекс1 и Анекс2) преку електронска пошта на адресата: contact@znm.org.mk со назнака „Апликација по повик FY24-YT-AJM-001-4 “.

Крајниот рок за доставување на апликации е 05.02.2025 (среда)  до 24ч, ЦЕВ.

Референтен број: FY24-YT-AJM-001-4

Наслов на проектот: Јакнење на новинарските стандарди – дигитални напредоци и влијание врз медиумската средина / Bolstering journalism standards – the digital advancements and the impact on the media environment

Лот: 1.7  Изработка на Етички кодекс (Development of the Ethical Code)

Scroll to Top