Конкурс за најдобри новинарски стории 2020

Јавниот повик е отворен за сите професионални новинари и редакции кои објавиле свои стории во медиумите во Македонија во периодот од 1 јануари 2020 година до 31 мај 2020 година.

Пријавените содржини треба да ги исполнуваат критериумите за автентична и аналитична новинарска работа од поширок јавен интерес, која ги задоволува етичките стандарди во новинарството, преку демонстрирање силна определба на авторот за доследна и темелна разработка на темата.

Авторите на најдобрите стории ќе добијат парични награди во износ од:

  • прво место – 500 американски долари (во денарска противвредност)
  • второ место – 400 американски долари
  • трето место – 300 американски долари

Повеќе информации за конкурсот може да се добијат на следните линкови: МКД-КОНКУРС, ALB-KONKURS, CALL

Scroll to Top