Етичките принципи на новинарството можат да се бранат и одржуваат единствено кога на новинарите им е гарантирана слободата на информирање.
Покажувањето моќ како во случајот со Кежаровски придонесува кон уривање на демократијата во Македонија.
Советот за етика во медиумите на Македонија повикува кон итно ослободување на новинарот Кежаровски од затвор и укинување на судската одлука.
СЕММ го поддржува закажаниот протест против одлуката за затвор на Кежаровски, кој ќе се одржи во вторник.