СЕММ се согласува со оцената на Европската асоцијација на новинари дека терористичкиот напад е потсетник дека слободата на говор и на информирање се на удар дури и во Европа, како и дека новинарите се соочуваат со ризик од насилни напади поради нивната професија. Изразувајќи им сочуство на семејствата на настраданите, се приклучуваме кон меѓународната осуда на чинот на насилство против францускиот неделник извршен од оние кои имаат за цел да ја погазат демократијата и слободата на известување како едно од фундаменталните права.
Убиството и нападот врз новинарите го сфаќаме како атак не само врз професијата, туку и врз цивилизацискиот прогрес.