Репортажа: Агент за влијание во Скопје

Репортажа во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на медиумите против дезинформациите во Северна Македонија“. Во истражувачката репортажа се обработува детално темата со влијанието на руските агенти на влијание во Македонија 2023 година и како нивната разузнавачка работа делувала на преглед на пропаганда низ медиумите и социјалните мрежи насочена против Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква.

Во терминологијата на разузнавањето, поимот “агент на влијание” се однесува на личност која работи свесно со цел да влијае на другите во интерес на странска сила или организација. Оваа личност вообичаено служи како канал за да го промени јавното мислење, политичките одлуки или социјалните динамики во државата каде што дејствува. Агентите на влијание можат да бидат новинари, дипломати, академици, бизнис луѓе или други јавни личности.

Праксата покажа дека во овие активности можат да се вклучат дури и свештеници!

Во Македонија по двегодишно оперативно работење како агент на влијание во корист на Руската федерација во 2023 година е разоткриен и санкциониран – рускиот Архимандрит Васиан Змеев. Во септември таа година по две години повремен престој и разузнавачки дејствија насочени кон Синодот на Македонската православна црква, Васијан Змеев е протеран од Македонија.

За професорот по црковно право Дилјан Николчев од Универзитетот Св. Климент Охридски во Софија во Бугарија, кој над 15 години ги истражува архивите на безбедносните служби и нивната соработка со православна црква, влијанието на Змеев е несомнено и во Бугарија и во Македонија.

Васијан Змеев во Македонија оддржува редовни средби со мнозинството Владици од Светиот Архиерејски Синод на Македонската православа црква.

Средбите со Синодот, Змеев ги злоупотребува да добие легитимитет и слободно започнува активности од сериозен пропаганден карактер патувајќи низ речиси сите Епархии на МПЦ и оддржува предавања во затворен круг на присутни на тема „(Не)потребата од врзување за Вселенската Патријаршија на МПЦ“. За време на неговата активност во Скопје, Змеев има постојан престој во Софија каде што престојува веќе неколку години.

Според експертот за дезинформации и хибридни закани од Софија, Владимир Владимиров, дејствувањето на Змеев не било ограничено само како Агент на влијание на руските служби во црковните спорови на МПЦ со СПЦ. Веројатно тој бил сериозно и темелно подготвен за посложена политичка „разузнавачка“ операција насочена против НАТО и против ЕУ.

Оваа истражувачка сторија е направена во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на медиумите против дезинформациите во Северна Македонија“, поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени во оваа сторија се на имплементаторите/авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Scroll to Top