Тоа што се случи во текот на вчерашниот ден е уште еден доказ дека ситуацијата е загрижувачка и ги открива тенденциите да се попречува работата на новинарите во известувањето за прашања од јавен интерес. За СЕММ е целосно неприфатливо на каков и да е начин да се спречува професионалната работа на новинарите, која треба да биде ослободена од какви било закани и притисоци.
Насилството врз новинарите и медиумските работници е сериозен проблем, за кој е потребен системски и координиран одговор од надлежните институции. Апелираме до нив да ги преземат соодветните мерки за целосно расветлување и расчистување на овој инцидент. Решавањето на случаите од овој вид ќе го обесхрабри повторувањето на ваквите чинови на насилство и притисоци врз медиумите.