Но, како може граѓанското општество може да ја извршува оваа улога? Еден од начините е преку способноста за разликување на нискоквалитетни медиуми, а друг начин е преку поднесување жалби до механизмите за саморегулација на медиумите, како што е Советот за печат, во случаи кога имаме потенцијално кршење на професионалните стандарди на новинарството.
Пет совети за печат во Југоисточна Европа,во моментов, работат на подобрување на отчетноста на медиумите. Сепак, не се сите доволно искористени од граѓаните. Бројот на преставки кои ги добиваат се разликуваат во голема мера од една во друга земја, и некои совети годишно добиваат само 30 до 40 претставки. Причината за тоа не е високата почит кон новинарските стандарди туку недостигот на свесност меѓу граѓаните за нивното право да се жалат до советот за печат и нивното право да бараат квалитетни вести.
Во рамките на проектот финансиран од ЕУ, “Медиумска отчетноста во Југоисточна Европа и Турција”, УНЕСКО поддржуваше серија на активности за подигање на свеста со цел зајакнување на граѓаните за да ги искористат нивните совети за печат. Овие активности беа приспособени за потребите и специфичните карактеристики на секој локален совет за печат, почнувајќи од јавни кампањи во регионите до создавање на нови веб-страници, односно аудиовизуелна промоција на овие тела.
Овие активности за подигнување на свеста доведоа до состојба во која советите за печат известуваа за зголемување на бројот на претставки што ги добиле од граѓаните. Меѓутоа, како што се истакнува од страна на експертката Кетрин Спелер во извештајот за оценување на потребите на медиумските совети во Југоисточна Европа, “видот на ангажманот кој го преземаат советите за промоција на широка културна свест на нивните услуги, бара континуирани напори, доколку организациите сакаат да станат целосно вградени во заедниците во кои тие се засновани”.
Подолу е дадена листа на успешни активности кои се спроведуваат од страна на советите за печат во Југоисточна Европа.