Цели на СЕММ

▷ Заштита на правото на јавноста да добие објективна и целосна информација, која ќе биде и во согласност со етичките норми. Таа заштита во случај на спорна содржина да се обезбедува преку непристрасен и професионален процес на проценка на содржината и на поплаката за истата, по што ќе се преземат постапки во согласност со Статутот и деловникот на Комисијата за жалби при Советот.
▷Заштита на медиумите преку постојано подигнување на нивниот углед, преку грижата за секојдневно спроведување на стандардите во професијата од самите медиуми, но и преку медијацијата како процес кој ја подигнува довербата меѓу јавноста и медиумите. 
▷ Промовирање на доброто и професионално новинарство на сите можни начини што му стојат на располагање на СЕЕМ како целина и на секоја членка на Советот одделно. 
▷ Подигнување на свеста на јавноста за професионалните и етички стандарди кои треба да ги почитуваат медиумите. 
▷ Унапредување на етичките правила и норми преку унапредување на Кодексот на новинарите.
▷ Намалување на случаите на судско разрешување на спорови меѓу јавноста/читателите и гледачите со медиумите. 
▷ Заштита на слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана
▷ Спречување на влијанието на државата, политичките партии и другите центри на моќ врз медиумите
▷ Штитење на интересите на јавноста преку обезбедување независен ефикасен и правичен процес на решавање на поплаки за медиумските содржини
▷ Промовирање на квалитет во медиумските содржини, усвојувајќи јасни и практични упатства за работењето на уредниците и новинарите
▷ Подигнување на свеста на јавноста за професионалните и етички стандарди кои треба да ги почитуваат медиумите
▷ Создавање амбиент за самокритичност, самосвесност и отчетност на медиумите кон публиката
▷ Олеснување на пристапот на публиката до медиумите 
▷ Унапредување на етичкиот кодекс на новинарите и
▷ Намалување на сите форми на цензура и самоцензура во новинарството.
▷ Намалување на судските спорови меѓу јавноста и медиумите околу новинарските/медиумските содржини
▷ Ширење на медиумската писменост, почнувајќи од најранливата категорија на јавноста – децата и малолетниците
▷ Ширење на принципите на доброто новинарство, преку промоција на професионалните и етичките стандарди во специјализираните медиумски образовни институции/установи (школи, факултети, универзитет)
Scroll to Top