Управен одбор

Леунора Калиќи

Леунора Калиќи

Новинар со 20 годишно јавно делување, автор на емисијата “ЕУ и НИЕ” во МТВ и водител на главните вести. Во текот на нејзината професионална кариера освен со невладини организации има соработувано со меѓународни организации. Учествувала во проекти и активности што за нивна цел ги имаат реформите, развојот и решавањето на проблемите во сферата на јавниот интерес, посебно активностите поврзани со правата и слободите на човекот, еднаквоста и борбата против дискриминација, слободата на говорот, владеење на правото, заштита на животна средина, зајакнувањето на жената, борбата против насилство, како и промоцијата на демократските стандарди.
Леунора е основач и управител на Здружението за благосостојбата на жените и децата АЈО – Скопје, и моментално следи магистерски студии за меѓународна комуникација.

Ирена Мулачка

Ирена Мулачка

Ирена Мулачка е новинар и уредник во неделникот „Фокус“. Има дипломирано на Правниот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, со фокус на казненото право.
Добитник е на пет награди за истражувачко новинарство, од Здружението на новинари на Македонија, од Советот за етика во медиумите, како и од Европската Унија. Повеќе пати е ангажирана во обуки и пракса за одржување комуникација со владини и граѓански субјекти.

Анета Андонова

Анета Андонова

Андонова, Анета (Скопје, Република Северна Македонија) дипломирала на Електротехничкиот факултет - Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.
Магистрирала на факултетот „Јустинијан Први“ - Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Медиуми и комуникации.
Својата кариера во медиумите ја започнува во експерименталното младинско радио „Клуб 100“ во рамки на Училиштето за средно образование „Орце Николов“ во Скопје. Во 1990 година ја започнува телевизиската кариера во контактно - училишната програма „Пулсирања,“ во Образовната програма на Македонската радио телевизија. Во текот на својата кариера била автор на многу образовни емисии и репортажи. Учествувала во реализирањето на многу директни преноси, меѓу кои директниот пренос од посетата на Неговата светост Поглаварот на Римокатоличката црква - Папата Франциск на Република Северна Македонија. Во својата работна кариера соработувала во неколку печатени медиуми – списанијата: „Наш свет“, „Развигор“, „Елфаско“ и други. Во повеќе наврати била на обуки и стекнала практично искуство во областа на новинарството: Rai, HRT, Circom Regional, Еcole de journalisme Мontpellier, Study visit to Dublin on Media Literacy, DW академија, Study Visit in the integrated newsroom of the
Finnish Public Broadcaster - YLE, Regional Workshop of developing code of conduct/editorial guidelines for Public Service Media in Western Balkans, ContentLA, Los Angeles. Учествувала на повеќе домашни и меѓународни конференции. Работната кариера и се одвива на неколку работни позции: Уредник на Училишна редакција на МТВ, Уредник на Образовна програма на МТВ1 и Одговорен уредник на МТВ!.
Добитник е на повеќе награди и признанија за својата работа.

Семи Мехмети

Семи Мехмети

Новинар со долгогодишно искуство во медиумите. Покрај на „Алмакос“, тој е сопственик и на информативниот портал на македонски јазик „Зум“, преку невладината организација „Онлимит медиа“. Беше активен во Здружението на новинари, а член е и на Управниот одбор на саморегулаторното тело за медиуми Совет за етика. Семи Мемети е син на познатиот новинар и публицист Ким Мехмети.

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска  следи домашен и меѓународен организиран криминал и корупција и е eден од пионерите во истражувањата за медиумска сопственост и пропаганда во земјата како ко-основач на првата дата база за медумска сопственост Медиапедиа. Од 2015 година Цветковска работи на меѓународниот истражувачки проект Spooks and Spins: Information wars in the Balkans чијашто цел е да ги открие центрите на моќ и движењето на парите во глобалните информациски војни.  Во изминатите години таа работела на серии домашни и меѓународни истражувања кои открија корупција, нелегална трговија со оружје, шпионажа и трговија со влијание. Нејзините текстови се објавувале во едни од највлијателните глобални медиуми како „Гардијан“, „Базфид“, „Дер Стандард“ и други. Беше дел и од глобалното истражување „Панама Пејперс“ кое резултираше со затворање на компанијата „Монсек Форсека“ во Панама. Таа е добитник на повеќе од десет домашни и меѓународни признанија за нејзината работа, меѓу кои и годишната награда на Репортери без граници за Европа „Европска прес награда 2018 –
Сигнал за Европа“. Годинава е избрана за член на Одборот на директори на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција со мандат да ти претставува 43-те организации – членки во 33 држави кои се дел од проектот.

Default Image

Бранко Героски

Бранко Героски е главен уредник на дневниот весник „Слободен печат“ и интернет страницата „Плусинфо“.

Повеќе од три децении Героски е професионален новинар, уредник и основач на независни медиуми. Тој е и еден од главните основачи на првиот независен дневен весник „Дневник” (1996) и негов прв главен уредник. Исто така е и иницијатор на дневните весници „Шпиц” (2006) и „Слободен печат”, како и интернет порталот „Плусинфо” (2012).

Роден е во 1962 година. Дипломира на Интердисциплинарни студии по новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во моментов е професионален едукатор на Едногодишната школа за новинарство во организација на Македонскиот Институт за Медиуми (2004) и Школата за новинарство и односи со јавноста.

Героски е и професионален обучувач на млади новинари, автор на многу објавени книги како „Биди новинар” (2005) и „Научи да пишуваш” (2010), како и активист за граѓанско општество.

Меваип Абдиу

Меваип Абдиу

Дипломиран правник, магистер по Менаџирање на медиуми и мултимедиа-Институт за комуникациски студии во Скопје. Има долгогодишно искуство во медиуми и медиумски организации.Бил член на управен одбор на АПЕЕМ, член на управен одбор на НДИ, тековно е потпредседател на здружението Медиум Објектив, и втор мандат член на управен одбор на СЕММ.
Меваип Абдиу е управител и сопственик на терестријалната регионална телевизија Тв Коха од 1993 година. Во текот на неговото работење има добиено значајни признанија за својата работа.

Scroll to Top