КОНКУРС ЗА НАЈДОБРИ НОВИНАРСКИ СТОРИИ

Јавниот повик е отворен за сите професионални новинари и редакции, кои објавиле свои стории во медиумите во Македонија во периодот од 1 јуни 2017 година до 1 јуни 2018 година. Пријавените содржини треба да ги исполнуваат критериумите за автентична и аналитична новинарска работа од поширок јавен интерес која ги задоволува етичките стандарди во новинарството, преку демонстрирање силна определба на авторот за доследна и темелна разработка на темата.

Авторите на најдобрите стории ќе добијат парични награди во износ од:

  • прво место – 700 евра (во денарска противвредност)
  • второ место – 600 евра
  • трето место – 500 евра

Изработената содржина може да биде во каква било новинарската форма или жанр (текст, прилог, документарец, репортажа, интервју…)
Сторијата може да биде пријавена од самите новинари и медиуми или од поединци, институции и граѓански здруженија.
Бројот на сториите со кои што може да учествува еден автор или редакција е ограничен на три.
Конкурсот е отворен до 10 септември 2018 година.

Апликациите може да се испраќаат по пат на:

  • електронска пошта на konkurs@semm.mk, потребно е да се наведе линк до новинарската содржина и истата да се прикачи како додаток во е-пошта (pdf документ);
  • пошта на адреса: Совет за етика во медиумите на Македонија Бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.54/2, 1000 Скопје, содржината да се достави во пет примероци и копија на ЦД (од печатените и од аудиовизуелните материјали), и
  • Лично да се достават во просториите на Советот за етика во пет примероци (и копија на ЦД од печатените и од аудиовизуелните материјали).

Најдобрите стории ќе ги одбере жири составено од реномирани и релевантни претставници на професијата.

Наградите за најдобри стории од сферата на општествено-социјалниот живот, Советот за етика на медумите во Македонија (СЕММ) ги доделува за да ги поттикне новинарите во промовирање на концептот на социјална инклузија и интеграција на ранливите и маргинализирани групи граѓани, преку професионална и етичка обработка на темите од јавен интерес.
Повеќе информации за конкурсот може да се добијат на телефонскиот број 02/3222-595.

Scroll to Top