Средношколците и студентите со сомнеж кон медиумските содржини!

Младите немаат голема доверба во медиумите, па заради тоа велат дека своите извори на информации најчесто ги бараат на социјалните мрежи, иако се свесни дека насекаде може да се соочат со дезинформации. Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во периодот од септември до ноември 2024 година одржа 10 работилници во средни училишта и на факултети низ Македонија, разговарајќи со младите за потребата од проверка на информациите што ги примаат преку различни канали, за ризиците при споделувањето вести, видеа или фотографии, за новинарската етика и важноста на медиумската саморегулација. Дел од нашите соговорници, ученици и студенти, посочуваат дека иако често препознаваат манипулации во медиумските содржини, сепак сметаат дека новинарстсвото е интересна професија со многу предизвици.

Проектот „Поттикнување на етичкиот пристап во известувањето кај потенцијалните млади новинари“ е поддржан од Европската Унија во рамки на пошироката иницијатива „Тренинг-академија за новинари и медиумски работници Т-АЈМ“.
Scroll to Top