Датум: 04.10.2021
Лот број: 5.6
Референтен број на проектот: IPA/2020/420-934
Наслов на проектот: Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија
Финансиран од: Европската Унија
Покана за учество на тендер за избор на консултантски услуги за изработка на Бизнис план
Почитувани,
Задоволство ни е да Ве поканиме да ја доставите Вашата понуда за извршување на задачите наведени во документот со Техничките услови за набавка (Анекс бр.1), што е составен дел на ова писмо за покана.
Информации за тендерот:
Тип на процедура: Тендерска постапка
Тип на договор: Договор за набавка на консултантски услуги
Предвиден буџет: 3.600 евра (Бруто сума)
Tендерска документација потребна за аплицирање:
- Изјава (Анекс 2, во прилог на писмото за покана);
- Портфолио CV / и две референци за понудувачот;
- Доказ (исправа) според редовни законски регулативи (пасош).
Начин и рок на поднесување на понудата:
Понудата со уредно пополнети и потпишани прилози од страна на подносителот може да се достави преку електронска пошта на следнава адреса info@semm.mk, со назнака „Тендерска документација за консултантски услуги за Бизнис план – Лот број: 5.6“.
Крајниот рок за достава на понудата е до (08.10.2021), петок, до 17:00 часот. Апликациите добиени по истекот на наведениот рок и нецелосно пополнети апликации нема да бидат земени во предвид.
Основи за исклучување: Како дел од тендерот, понудувачите треба да достават потпишана Изјава, (Анекс 2 во прилог на ова писмо), како доказ дека не се наоѓаат во ниту една од ситуациите за исклучување наведени во Дел 2.4 од документот „Анекс 4 – Набавка за корисници на грантови во рамки на надворешната акција на ЕУ“.
Критериум за избор и доделување на тендерот
Критериумите за доделување на тендерот се врз принципот на најголем број на бодови добиени од оценувањето на кандидатите. Согласно поделбата на поени:
- Технички капацитет – максимум 60 бодови;
- Професионално искуство – максимум 40 бодови.
Потпишување на Договор
Избраниот најповолен понудувач ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена во рок од максимум 5 дена од крајниот рок за доставување на понудата. Во рок од 3 дена по приемот на Договорот, потпишан од страна на правниот застапник на Советот за етика во медиуимите (СЕММ), избраниот понудувач ќе треба да го потпише и да го прати на Здружението во скенирана форма на info@semm.mk.
Aнекси:
Aнекс 1 – Технички услови (ToR)
Aнекс 2 – Изјава
Aнекс 3 – Табела за оценување и критериуми
Ја очекуваме Вашата понуда до крајниот рок за поднесување,
Со почит,
Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)