Наши цели

• Заштита на слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана,

• Спречување на влијанието на државата, политичките партии и другите центри на моќ врз медиумите,

• Штитење на интересите на јавноста преку обезбедување независен ефикасен и правичен процес на решавање на поплаки за медиумските содржини,

• Промовирање на квалитет во медиумските содржини усвојувајќи јасни и практични упатства за работењето на уредниците и новинарите,

• Подигање на свеста на јавноста за професионалните и етички стандарди кои медиумите треба да ги почитуваат,

• Создавање амбиент за самокритичност, самосвесност и отчетност на медиумите кон публиката,

• Олеснување на пристапот на публиката до медиумите, 

• Унапредување на етичкиот кодекс на новинарите и

• Намалување на сите форми на цензура и самоцензура во новинарството.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Што е медиумска саморегулација?

 

Совет за етика во медиумите на Македонија