Снежана Трпевска

Претседателка на Комисијата за жалби при СЕММ од декември 2024. Истражувачките интереси на д-р Снежана Трпевска се движат во неколку полиња: методологијата на општествените истражувања, социологијата на масовните комуникации, критичкото мислење и медиумската писменост, медиумската политика и регулација и студиите на новинарството. До јули 2009 година беше вработена во Советот за радиодифузија како Раководител на Секторот за истражување и стратегиски развој. Од 2008 година е ангажирана како професор на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, а од 2013 година на Институтот за комуникациски студии од Скопје. Има учествувано во голем број академски и применети истражувачки проекти поврзани со слободата на изразување и медиумскиот плурализам, медиумската писменост, ставовите и однесувањето на публиката кон медиумските содржини, медиумската концентрација и регулацијата на радиодифузијата, етиката во новинарството и др.

Scroll to Top