Новинарка со преку три-децениско искуство во повеќе домашни и меѓународни медиуми. Од 1996 до 2011 има работено како дописник и продуцент во Македонската редакција на Светскиот сервис на БиБиСИ, во Скопје и Лондон. Како новинар и уредник има искуство во печатени медиуми, радио и телевизија, меѓу кои: „Нова Македонија“, МРТ-Радио Скопје -Втора програма, НоМа- радио, ТВ21, ТВ Клан Македонија, „Предизвици“-Фондација Фридрих Еберт. Георгиевска има учествувано на бројни обуки и проекти за унапредување на професионалното новинарство, за промоција на медиумска писменост, етика во медиумите, борба против дезинформации и лажни вести. Учесник е во ад-хок групи за промоција на европските вредности во Северна Македонија, добрососедство и надминување на билатералните спорови во регионот. Има дипломирано на Катедрата за компаративна книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Од април 2023 е на позицијата Извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија.
Милена Крстева е дипломирана економистка на Економскиот факултет при УКИМ, Скопје. Веднаш по дипломирањето започнува со работа како статистичарка во приватниот сектор. Во 2015та прави трансфер во граѓанскиот сектор, каде што работи како финансиска и административна директорка. По проследувањето на обуката за 'Менаџмент и имплементација на проекти финансирани од ЕУ' во 2016та, се здобива со сертификат за менаџирање и имплементирање на ЕУ проекти. Кон тимот на СЕММ се приклучува во март 2023, како Програмска координаторка.