Извршна канцеларија

image

м-р Лилјана Пецова – Илиеска
Извршен директор на Советот за етика во медиумите на Македонија.

Магистер по филолошки науки, со дваесетгодишно работно искуство, како институционално, така и во граѓанскиот сектор, каде беше дел и од Експертската работна група на Меѓуресорското тело за заштита на човекови права на РСM. Има долгогодишно работно искуство во јавната администрација и е истакнат познавач на реформските процеси и интегративните политики на ЕУ. Од гледна точка на граѓанскиот сектор, работи во сферата на образование на возрасни, градење на капацитети, истражување, анализа и евалуација. Автор е на неколку трудови за заштита на личните податоци, дел од експертската група за подготовка на програмата за постдипломски студии во оваа област. Автор е на Кодекс за известување од настан кога деца се жртви или сторители на кривични дела. Придонес кон изработка на Насоките за онлајн медиумите за етичко известување. Член на Комисија за жалби од 2019-та до изборот на позицијата Извршен директор на СЕММ, април 2022. Особен придонес во анализи, истражувања и трудови во областа на борбата против корупција, транспарентност и отчетност, отвореност на институциите и мониторинг на медиумите, како и злоупотреба на децата на интернет. Член на Управен одбор на иницијативата за Дијалог за управување со интернетот на Југоисточна Европа. Сертифициран обучувач за возрасни, особен долгогодишен придонес во едукација на различни целни групи. Дел е од заедницата за заштита на приватноста со посебен интерес кон секторите „безбедност и следење“ и „приватноста во медиумите“. Обучувач за медиумска писменост во повеќе проекти.

image

Марина Ивановска
координаторка на програми во Советот за етика во медиумите на Македонија

Дипломира социјална работа и социјална политика на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а специјализира психосоцијален пристап во социјалната работа на Универзитетот во Загреб. Магистрираше во областа на човековита права и демократијата на универзитетите во Сараево и Болоња. Во граѓанскиот сектор е вклучена од 2005 година. Има соработувано во голем број проекти за зајакнување на ранливи категории граѓани, човекови права и демократија. Во СЕММ започна да работи во јануари 2015 година.

image

Жаклина Хаџи-Зафирова
Програмски раководител во Советот за етика во медиумите на Македонија.

Жаклина Хаџи-Зафирова е долгогодишна новинарка, уредничка и ко-основач на Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија. Нејзин фокус е истражувачкото новинарство. Работела за повеќе домашни и меѓународни медиуми и невладини организации, а во последно време работи на научни трудови од областа на медиумите. Дипломира на Интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. На истиот факултет магистрира во областа на меѓународно право и меѓународна политика. Во СЕММ е ангажирана од март 2022 година како програмски раководител.