Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) се приклучи на повикот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за истражување и соодветно постапување во однос на последните инциденти што се случија врз новинарите за време на изборната кампања.
Поконкретно, двете организации реагираат на дискредитирањето, навредите и заканите кон новинари и новинарки од страна на припадници на различни политички партии во неколку одвоени инциденти.
За овие случаи поднесени се претставки до МВР и ДИК, а ЗНМ континуирано повикува на одговорност на институциите и почитување на работата на новинарите и медиумските работници не само за време на изборите, туку и во нивната секојдневна работа во различни околности.