Се обединија телата за саморегулација во медиумите од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Под покровителство и на иницијатива на Совет на Европа, на дводневната конференција во Будва, Црна Гора, беше официјализирано основањето на Медиа НЕТикс - Мрежата на тела за саморегулација во медиумите во Југоисточка Европа.
Оваа мрежа ќе служи како платформа за регионална соработка и размена на искуства со цел унапредување на квалитетот и професионалноста во медиумите и етичкото новинарство во регионот.
Задача на ова регионално здружение ќе биде подигање на свеста на членките на мрежата, медиумите, медиумските професионалци и општеството во целина, за основните принципи за саморегулацијата и професионализмот, како и разгледување на прекугранични жалби на земјите од регионот.
Претставниците на саморегулаторите донесоа одлука седиштето на мрежата да биде во Црна Гора, а за претседател е избран Ранко Вујовиќ, извршен секретар на Медиумскиот совет за саморегулација на Црна Гора