Соопштенија

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) сметаат Владата треба да се воздржи од избрзани и недоволно обмислени решенија во медиумската сфера, особено во период на предизборие.

СЕММ се приклучува на кампањата на УНЕСКО по повод Светскиот ден на слободата на медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по повод 3ти мај, Светскиот ден на слободата на медиумите, повикува на зголемена одговорност во почитувањето на фундаменталните принципи на слободата и независноста на медиумите, како и на заштита на новинарите и медиумските работници во исполнувањето на нивната одговорност за професионално информирање во интерес на јавноста.

Советот за етика во медиумите се приклучува на кампањата на УНЕСКО за адресирање на дезинформациите околу COVID-19, во рамки на проектот „Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа и Турција – фаза 2“.  

Креирањето на Регистарот на професионални онлајн медиуми на СЕММ и ЗНМ, во Извештајот за глобалната слобода на медиумите за 2020 година на Репортери без граници, се оценува како иновативно постигнување.

Со оваа иницијатива се промовира саморегулацијата на онлајн медиумите од кои се очекува да го почитуваат Кодексот на новинарите и одлуките на Советот за етика во медиумите.

Во моментот, Регистарот брои над 100тина членови. Процесот на зачленување медиуми е отворен, а повеќе информации околу правилата за членство се достапни на: https://semm.mk/chlenstvo/pravila-za-chlenstvo

Советот за етика во медиумите (СЕММ) со загриженост реагира на зачестените случаи на неетичко и непрофесионално известување, а особено на ширењето шпекулации кај одредени медиуми во врска со пандемијата на коронавирусот, што дополнително би можело да влијае врз натамошно зголемување на загриженоста и вознемиреноста кај јавноста заснована на неточни информации и сензационализам.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги потсетуваат медиумите дека продолжува да биде отворена постапката за зачленување во Регистарот на професионални онлајн медиуми на овие две организации (Promedia.mk).

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во интерес на подобро информирана јавност и побезбедни новинари и медиумски работници при извршување на нивните секојдневни професионални обврски, подготвија публикација со наслов: „Насоки за безбедно и професионално известување за коронавирусот (COVID-19)“.

Советот за eтика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) информираат дека веб-страницата на која што се достапни податоци за професионалните онлајн медиуми www.promedia.mk од денеска е функционална и достапна за јавноста. Во моментот Регистарот го сочинуваат 101 онлајн медиум, кои објавуваат содржини на повеќе јазици.

Последниот случај на вознемирување, навреди и онлајн притисоци врз новинарката на Слободен печат, Мирослава Бурнс, од лице вработено во Царинската управа на Македонија, е уште еден показател на тенденциите за попречување на работата на новинарите во известувањето за прашања од јавен интерес.

Во врска со појавата на случај на корона вирус во државата, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) повикува медиумите да се однесуваат професионално и етички и да не придонесуваат во ширењето невистини и создавањето паника кај јавноста.

На прес-конференцијата денес во Скопје, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Министерството за внатрешни работи и Советот за етика во медиумите, повикаа на свесност за спречување на говорот на омраза во медиумите, особено во предизборниот период.

Советот за етика во медиумите, Министерството за внатрешни работи и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, утре - 05.02.2020, со почеток во 11 часот, во хотел „Арка“ организираат прес конференција за адресирање на говорот на омраза во медиумите за време на предизборниот период.

ЗНМ и СЕММ го осудуваат односот на министерката Мизрахи кон А1он

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) реагираат на дрскиот однос на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи кон новинарите на А1он. Министерката упати демант до редакцијата полн со обвинувања и клевети поради текст со наслов „Мизрахи ја назначи советничката на Груевски за шеф на кабинет“ објавен од медиумот.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска го објавија регистарот на професионални онлајн медиуми, кој има 70тина членки.

Покана до медиумите

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на 18 ноември (среда), со почеток во 11:00 часот, во Европската куќа во Скопје (поранешен ЕУ инфоцентар) организираат прес-конференција на која јавноста ќе ја информираат за резултатите од креирањето регистер на професионални онлајн медиуми. Кон процесот за креирање на регистерот се приклучи и Стопанската комора на Македонија.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на 29 октомври (вторник), со почеток во 11:00 часот, на Универзитетот на Југоисточна Европа (Конференциска сала во Ректоратот на УЈИЕ) во Тетово организира дебата на тема “Саморегулација во медиумите  состојби, предизвици и можности“.

Како дел од заложбите за заштита и промоција на професионалното  новинарство, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во соработка со Здружението на новинари на Македонија, информира дека е во тек постапката за обновување и ажурирање на членството на онлајн медиумите во саморегулативното тело. Постапката се одвива според критериумите усогласени меѓу СЕММ и ЗНМ по примери од практиката во развиените демократски општества и Советот на Европа, а кои тековно се консултираат со новинарската и медиумската заедница и се достапни на следниов линк: https://www.semm.mk/chlenstvo/pravila-za-chlenstvo.

Slika 1

„Поддршката и афирмацијата на медиумската писменост е добра можност заеднички да испратиме порака дека јавноста ни е особено значајна во давањето одговор за новинарското известување. Вклученоста на граѓаните е особено значајно во „демистификацијата“ на новинарските практики и инвестициите во подобрување на професионализмот во работата во медиумите како дел од начините на враќање на довербата во професијата.“ рече Марина Тунева, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на прес - конференцијата на која организации - членки на македонската Мрежа за медиумска писменост ги најавија Деновите на медиумска писменост 2019.

nova semm

„Саморегулацијата е цврсто настојување на медиумските професионалци да го одржуваат дијалогот со јавноста. Процесот на етаблирање на саморегулацијата е долг, но резултатите од него се поквалитетно новинарство, заштитен интегритет на медиумите, квалитетни информации за граѓаните, ослободување на влијанијата од центрите на моќ и заштита на слободата на изразување“, рече Марина Тунева, извршна директорка на СЕММ, на денешната дебата на СЕММ во Прилеп.