Соопштенија

знм семм логоа

Здружението на новинарите (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) по повод известувањето на дел од медиумите во врска обидите за самоубиство ги повикуваат новинарите на максимално почитување на етичките стандарди и норми и воздржување од сензационалистичко информирање.

SSNM ZNM MIM SEMM 768x379

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) реагираат на јавната најава на Владата за измена на регулативата со која ќе престане да важи забраната за рекламирање во медиумите од страна на јавните институции (член 102 од ЗААМУ).

banner MK

СООПШТЕНИЕ


„Конкурс за најдобри новинарски стории за инклузивно известување за различностите во време на Ковид-19“

Советот за етика во медиумите (СЕММ), во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, објавува конкурс за најдобри новинарски стории за искуствата на ранливите и маргинализираните групи во општеството за време на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19).

Picture 3   Picture 4

Од властите треба поддршка за слободата на медиумите, од професијата - одговорност

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по повод 3ти мај, Светскиот ден на слободата на медиумите, од власта и институциите очекува да покажат сериозна одговорност и посветеност во поддршката на медиумските права и слободи, во насока на креирање поволен амбиент за медиумите во кој што тие ќе дејствуваат без какви било ограничувања и препреки. Секој обид изолирано да се интервенира во медиумските политики и реформи, спротивно на заложбите на професионалната медиумска заедница, ќе го разбереме како обид за контрола и влијание и наметнување рестриктивни услови за работа на медиумите. Искуството потврдува дека најголемиот ризик за демократијата произлегува токму од медиумите што биле и остануваат под контрола на политичките центри на моќ.

znm semm time1

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Time.mk ја известуваат јавноста дека порталите од Регистарот на професионални онлајн медиуми Промедиа.мк отсега ќе бидат јасно назначени на агрегаторот Time.mk (https://time.mk/blue).

Претставници на СЕММ, на 23 март и 25 март, 2021 година беа вклучени во обуката за млади новинари и студенти по новинарство, во организација на „Центарот за развој на младински активизам“ од Босна и Херцеговина.

semm znm1

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагираат на објавите со измислените изјави поврзани со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, со оценка дека на овој начин јавноста може да се доведе во заблуда и да се шират дезинформации.

Со голема жалост ја примивме денешната вест за смртта на нашиот колега, претседателот на Надзорниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија и сопственик на националното радио Канал 77, Горан Гаврилов.  

Guidelines on inclusive media reporting during Covid 19 Page 01

СКОПЈЕ, 5 март 2021 година - Со цел да се подобрат професионалните стандарди на онлајн медиумите, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го поддржа Советот за етика во медиумите (СЕММ) во изготвувањето на Насоки за етичко известување на онлајн медиумите, кои денеска беа објавени во Скопје.

Насоките изготвени по широка консултација со медиумската заедница во Северна Македонија, ќе помогнат во развојот на солиден и кредибилен систем за саморегулација на медиумите на Интернет и зајакнување на независното, професионално и одговорно известување на Интернет.

SSNM ZNM MIM SEMM

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) реагираат на најавата на Владата за враќање на праксата на плаќање на медиумски кампањи со јавни пари во приватните медиуми.

Guidelines on inclusive media reporting during Covid 19 Page 01

УНЕСКО ги објави „Насоките за инклузивно медиумско известување за Ковид-19“ на авторката Марина Тунева, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија.

Целта на Насоките е  се надгради постоечката етичка рамка во врска со медиумското известување за немнозинските групи, но и да им се помогне на новинарите повеќе и соодветно да ги застапуваат во медиумите. „Во текот на пандемијата, за жал, бевме сведоци на тоа како различноста сè повеќе се користи како основа за виктимизација, ширење лажни обвинувања, теории на заговор и говор на омраза кон немнозинските заедници. Оттука, медиумите мора да имаат многу поактивна улога во поттикнувањето разбирање и прифаќање на различноста меѓу луѓето. Инклузивното известување може да ги спречи овие деструктивни појави“, вели во интервју за УНЕСКО Марина Тунева. Анализите, додава Тунева, покажуваат дека недоволната застапеност и стереотипното претставување на немнозинските групи во општеството не е само карактерично за Македонија или регионот, туку и за Европа и пошироко.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) најостро го осудува говорот на омраза на кој бевме сведоци изминативе неколку дена против повеќе новинари и една невладина организација и ги повикува надлежните органи и институции, пред се МВР и ЈО веднаш да реагираат, за да се стави крај на ваквите напади бидејќи тие директно задираат во слобадата на изразување и слободата на медиумите.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинарите (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) го осудуваат говорот на омраза против тимот на невладината организација „Метаморфозис“ што интензивно се шири на социјалните мрежи по објавувањето на текст во порталот „Лидер“ со наслов „(ФОТО) ова се луѓето кои бришат содржини од Фејсбук во Македонија“.  

По сообраќајната несреќа што се случи вчера, на улица Рузвелтова во Скопје, од чии последици животот го загуби едно лице, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинари (ЗНМ) со загриженост реагираатна ширењето шпекулации и невистини преку некои медиуми, како и на сензационалистичкото известување во врска со овој настан. 

Press council analysis Page 01Сензационалистичкото известување во медиумите, недоволната заштитана приватноста и личните податоци и отежнатиот пристап до информации се меѓу најчесто пријавуваните проблеми досоветите за етика во медиумите во регионот на Балканот и Европа во периодот на пандемијата. Ова се дел од наодите од анализата што ја спроведе Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во периодот јули – септември годинава, анализирајќи ги искуствата на медиумските саморегулаторни тела-членки илипридружни членки на Алијансата занезависни совети за етика во медиумите воЕвропа (АИПЦЕ), каде што полноправно членува и СЕММ.

Во Извештајот за напредокот на земјата интензивирањето на заложбите за саморегулација се посочува како фактор за напредок на професионалните стандарди и квалитетот на новинарството, а во делот поврзан со слободата на изразување се нотира и формирањето на Регистарот на онлајн медиуми (promedia.mk) од страна на ЗНМ и СЕММ, како механизам за саморегулација во оваа сфера низ доброволно приклучување на медиумите. Токму главната цел на овој Регистар е да ѝ помогнеме на јавноста полесно да препознае кои медиуми ги исполнуваат критериумите за членство и се придржуваат до стандардите на етичкото известување при своето работење и оваа идеја е препознаена од страна на Европската комисија. 

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува нападот кон новинарската екипа на Ал Џезеира на протестот во Скопје, организиран од политичката партија ВМРО - ДПМНЕ.

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најостро ги осудуваат случаите на грубо прекршување на изборниот молк од страна на повеќе онлајн медиуми во текот на вчерашниот ден, што претставува сериозно компромитирање на изборниот процес.

Советот за етика во медиумите (СЕММ) денеска, преку видео-обраќање на Фејсбук, ги соопшти наградите од конкурсот за најдобри новинарски трудови поврзани со известувањето за пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19), предизвиците и последиците од неа. 

Со години забележуваме примери  на непринципиелен однос на политичарите кон медиумите и новинарите, што нè исправило пред дилемата: дали најголем дел од политичарите знаат каква е улогата на новинарите и медиумските работници и кое е нивното значење за демократијата?

Совет за етика во медиумите на Македонија