Грант од Делегацијата на ЕУ за организирање на медиумските награди “Жан Моне 2018”
Времетраење: 4 месеци (септември 2018 – декември 2018)
Буџет: 14.968 евра
Планираните активности во склоп на грантот се поврзани со промоција и организирање на медиумските награди “Жан Моне 2018”.
Акциски грант финансиран од УНЕСКО: “Транспарентност, градење на доверба и соработка за подобрување на медиумската саморегулација”
Времетраење: 9 месеци (август 2018 – април 2019 година)
Буџет: 19.996 евра
Во рамките на Проектот се предвидени следните активности:
- Распишување на повик за избор на новинарски стории во кои се запазени професионалните стандарди во известувањето, избор и наградување на 3 најуспешни стории.
- Промовирање на најуспешните стории на социјалните мрежи.
- Огранизирање на 2 настани (отворен ден) за запознавање со СЕММ и одржување јавна седница на Комисијата за жалби.
- Организирање на пролетен камп за медиумска етика за 30 учесници од Македонија и Албанија
Акциски грант финансиран од МЦМС во рамки на проектот „Добро управување во граѓанските организации“: “До поголема отчетност и транспарентност преку учество и инклузија”
Времетраење: 12 месеци (јули 2018 – јули 2019)
Буџет: 410.956 мкд
Во рамките на Проектот се предвидени следните активности:
- Анализа на процедурите за внатрешна поврзаност и размена на информации меѓу органите на Советот за етика во медиумите
- Организирање работилница за органите на СЕММ за механизми на внатрешно поврзување, ефективна размена на информации и моделите на транспарентност и отчетност
- Организирање дебата и консултации со граѓаните за механизмите на транспарентност и повратни реакции (фидбек)
- Подготовка на стратегиски план за внатрешно поврзување на органите на СЕММ заради транспарентно и отчетно работење, врз основа на учество од целните групи.
- Информирање на граѓаните за механизмите на транспарентност, отчетност и вклучување во работата на СЕММ
- Контактирање на медиумите заради информирање околу принципите и механизмите на транспарентност и отчетност на СЕММ и објаснување на механизмите на соработка со саморегулативното тело
Институционален грант: „Институционално зајакнување на Советот за етика во медиумите во Македонија“ финансиран од Амбасадата на Кралството на Холандија
Времетраење: 2 години (01.08.2017 – 31.07.2019)
Буџет: 121,110 евра
Генерално, планираните активности во склоп на проектот се поврзани со:
• Придонесување во понатамошната промоција на саморегулација во медиумите како алатка за подобрување на медиумското известување и слободата на изразување
• Унапредување на државната, регионалната и интернационалната мрежа преку промоција на добри практики во делот на саморегулација и слободата на изразување во земјата
• Развивање на заедничка агенда за слободата на говор помеѓу сопственици на медиуми, уредници, новинари и претставници од граѓанскиот сектор
Акциски грант финансиран од УНЕСКО: „Изградба на мрежи на поддршка за зајакнување на саморегулација во медиумите и промоција на човековите права“
Времетраење: 12 месеци (јуни 2017 – јуни 2018 година)
Буџет: 23.995 евра
Во рамките на Проектот се предвидени следните активности:
- Распишување на повик за избор на новинарски стории во кои се запазени професионалните стандарди во известувањето, избор и наградување на 3 најуспешни стории.
- Промовирање на најуспешните стории на социјалните мрежи.
- Отворен ден за запознавање со СЕММ и одржување јавна седница на Комисијата за жалби.
- Учество на двајца претставници на СЕММ на годишниот состанок на Алијансата на независни Совети за етика во Европа.
- Организирање на дводневна работилница во Македонија, за споделување на искуства со пет претставника од Албанскиот Совет за етика.
- Организирање на посета на Совет за етика во ЕУ земја, со цел градење на капацитетите на СЕММ и споделување на искуства и предизвиците со кои се соочува Советот.

Времетраење: 6 месеци, октомври 2016 – март 2017 година
Буџет: 9.990 евра
Во принцип, активностите се главно насочени кон промовирање на работата на СЕММ и неговите компетенции и поттикнување на граѓаните да учествуваат во зајакнувањето на саморегулацијата во земјата.
Во рамките на Проектот се преземаат и се планираат следните активности:
- Објавување на искуствата од работата на СЕММ и резултатите од работата на Комисијата за жалби при СЕММ
- Компаративна анализа на практиките на советите на медиумите во Европа и етичките рамки/препораки за Македонија
- Конференција за медиумска етика и саморегулација
- Две дебати на универзитетите за унапредување на работата на СЕММ
Институционален грант: „Институционално зајакнување на Советот за етика во медиумите на Македонија" од Амбасадата на Кралството Холандија“
Времетраење: 2 години (1 декември 2014 – 30 декември 2016 година)
Буџет: 7.747.740 денари
Во принцип, активностите на овој проект беа насочени кон:
- Создавање на оперативни услови за функционирање на Советот за етика во медиумите на Македонија
- Промовирање во јавноста на CЕММ и Кодексот на новинарите на Македонија
- Развивање на пракса на поднесување жалби до Комисијата за жалби
- Активности за подигнување на свеста за професионално медиумско известување
- Иницирање на локална и регионална соработка меѓу медиумите и соработка со организациите со членство
- Креирање на план за долгорочна самоодржливост и стратегија
Акциски грант финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија: „Democracy Watch 2015: ПОЛИТИЧКИОТ ПЛУРАЛИЗАМ ВО МЕДИУМИТЕ, ПРЕД И ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРИ”
Времетраење: 7 месеци (ноември 2015 – мај 2016 година)
Буџет: 5.050 евра
Во принцип, активностите на овој проект беа насочени кон зголемување на разбирањето на јавноста и на видливоста на улогата на Советот за етика во медиумите, промовирање на улогата на CЕММ како посредник меѓу јавноста и медиумите и обезбедување на навремени и редовни известувања за потребата од изнаоѓање на брзи правни лекови во контекст на известувањето за изборите и наодите/жалбите во однос на медиумите од страна на Институтот за комуникациски студии/Школата за новинарство и за односи со јавноста.
Во рамките на овој проект беа преземени следните активности:
- Беше формирано тело одговорно за координација на реакциите на одговор од страна на СЕММ
- Јавни консултации/дебати со претставници на граѓанскиот сектор, државните институции и медиумите на национално, регионално и локално ниво
- Беше подготвена публикација која содржеше преглед на најчестите случаи на жалби во однос на медиумите пред и за време на изборите.
Акциски грант финансиран од УНЕСКО: „Приближување на учесниците со цел подобрување на саморегулацијата во медиумите“
Времетраење: 10 месеци (март 2016 – декември 2016 година)
Буџет: 15.995 евра
Во рамките на Проектот беа преземени следните активности:
- Беше спроведено истражување меѓу новинарите и претставниците на граѓанското општество во однос на перцепциијата на саморегулацијата во медиумите и улогата на СЕММ
- Беа реализирани четири ТВ дебати за прашања од значење за саморегулацијата и медиумскиот професионализам
- Учество на двајца претставници на Советот на конференцијата за Светскиот ден на слободата на медиумите во Хелсинки, Финска во 2016 година
- Три дебати со студентите на Универзитетите во земјата
- Работилница со претставници на менаџментот на медиумите фокусирана на потребата за поддршка на саморегулацијата
Проект финансиран од УНЕСКО „Информирај и биди информиран”
Времетраење: 4 месеци, април 2015 – јули 2015 година
Буџет: 229.152 денари
Во принцип, сите активности главно беа насочени кон зголемување на свеста на граѓаните низ целата земја за постоењето и улогата на СЕММ, воведувањето на Управниот одбор на Советот, Извршната канцеларија и Комисијата за жалби, како и запознавање со начините на поднесување жалби.
Во рамките на Проектот беа преземени следните активности:
- Во рамките на Проектот беа преземени следните активности:
- Регионално и меѓународно вмрежување
- Двајца претставници на СЕММ учествуваа на конференцијата организирана од страна на УНЕСКО по повод Светскиот ден на слободата на изразување, што се одржа во Рига во мај 2015 година, а еден претставник на СЕММ присуствуваше на Годишното собрание на AIPCE (Сојузот на независните совети на медиуми во Европа) во октомври 2015 година.