Вести

“Медиумите, изборите и улогата на саморегулацијата“ беше тема на дебатата што Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ја организира на 25 февруари, во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп.

Голем број медиуми на церемонија што се одржа во ЕУ инфо центарот, на 12 февруари ја потпишаа Повелбата за етичко известување за изборите. Повелбата ја подготви Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), а нејзината содржина се заснова на најважните и универзални принципи на професијата, содржани во документи и публикации на Меѓународната федерација на новинарите, Иницијативата за етичко новинарство, Фондацијата Ројтерс, Репортери без граници, Член 19, итн.

Советот за етика во медиумите на Македонија – СЕММ, утре (12 февруари), во 12:00 часот, во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје ќе организира настан на кој ќе се потпишува Повелбата за етичко известување за изборите.

Амбасадорот на САД Џес Бејли и Шефот на Делегацијата на ЕУ Аиво Орав на 3 февруари го посетија Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) до медиумите испрати предлог-текст на Повелба за етичко известување за изборите. Со Повелбата се согласија поголем број медиуми, а СЕММ апелира за нејзино разгледување и прифаќање и од другите медиуми. Наскоро следува и настанот за официјално потпишување на документот.

Во продолжение е предлог-текстот на Повелбата:

 

Од дискусијата помеѓу  присутните произлегоа следниве заклучоци и препораки:
 
  • -Да се соработува меѓу регулаторното и саморегулаторното тело, особено во взаемното искористување на ресурсите во справувањето со случаите на говор на омраза во медиумите;
  • -Медиумите да известуваат за говорот на омраза, но да се обележи како таков и јасно да биде ставено до знаење дека станува збор за таков проблем;
  • -Да се зголеми ангажираноста на Комисијата за заштита од дискриминација во идентификувањето на случаите на говор на омраза, а особено во делот на казнувањето;
  • -Новинарите или лицата кои што ги искористуваат медиумите за ширењето говор на омраза да сносат соодветна одговорност, а новинарската фела да се обедини во нивното дистанцирање од медиумскиот простор;
  • -Неопходна е координација и усогласување меѓу различните институции, организации и мрежи во борбата против говорот на омразата и дискриминацијата;
  • -Да се намали влијанието на центрите на моќ и политичкото влијание врз работењето на медиумите;
  • -Постои потреба од професионализација на работењето на новинарите како во јавниот сервис, така и во другите медиуми, односно да се работи на континуирана едукација;
  • -Саморегуларијата се’ почесто да се користи како механизам за реагирање за говорот на омраза, навреда, клевета и други појави на кршење на Кодексот на новинарите;
  • -Да се отвори дебата за тоа дали е неопходна и ко-регулација во медиумскиот простор, односно дускусија околу потребата од внесување измени во законската рамка; 
  • -Редакциите да имаат свој Кодекс кој ќе се почитува во рамки на редакцијата,  а Интернет порталите да договорат внатрешни принципи на однесување;
  • -Да се креира нов Кодекс на печатени, електронски и интернет медиуми.

 

Уредниците за говорот на омраза во медиумите“

slika7Етичко известување и перспективите на медиумската саморегулација, (не)избалансираноста во новинарското известување, етиката во онлајн медиумите, медиумското покривање на изборите и улогата во изборниот процес, беа главните теми на конференцијата „Новинарска етика и медиумски вредности во специфични околности и за време на избори”, што ја организираа Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите, во соработка со УНЕСКО и со Делегацијата на Европската Унија.

slika6Во периодот 19ти-21ви ноември 2015 година, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во соработка со Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ја организираше работилницата„Професионалност и етика во медиумите и инклузивно известување“. Настанот беше наменет за членовите на Советот на честа на ЗНМ, како и за членовите за Комисијата за жалби на СЕММ.

Советот за печат во Босна и Херцеговина, организираше широка кампања со медиумите кои припаѓаат на советот за печат, за да ги поттикне редовно да објавуваат на нивните веб страни или во нивните печатени изданија информацииза читателите за тоа како да поднесат претставка до Советот за печат на земјата.

slika5УНЕСКО го финансираше печатењето на 5000 примероци од новото издание на Кодексот за етика на српските новинари. Кодексот беше широко дистрибуиран за време на првиот медиумски саем во Белград, од 28 октомври до 1 ноември 2015 година.

slika4Во Србија, со цел да се промовира Советот за печат преку иновативен пристап, Советот за печат организираше јавни дебати за сопствената комисија за жалби за тематски прашања во српските медиуми. Идејата беше да се стимулираат учесниците да дебатираат за теми за медиумската етика.